Почетна / Серии / Погледнете ги првите 5 епизоди од „Интернат“

Погледнете ги првите 5 епизоди од „Интернат“

 

Како што ветивме, сите епизоди досега емитувани од мегапопуларната серија „Интернат“ на Алфа телевизија се снимени со македонски превод и прикачени на една од видео мрежите. ТВ Пакет излегува во пресрет за сите оние коишто оваа недела немаа можност да погледнат некоја од епизодите на „Интернат“. За сите гледачи коишто подоцна изразија желба да се придружат во редовното следење на серијата еве краток вовед за она што досега се случи.

 

 

Започнува новата учебна година во интернатот „Црна лагуна“. Децата од престижните фамилии се враќаат во мрачниот интернат, а доаѓаат и нови. Маркос Новоа Пасос и неговата мала сестра Паула, се деца коишто останале без родители, тие припаѓаат на богато семејство и нивниот адвокат одлучува да ги предаде на директорот на интернатот, Ектор де ла Вега, кој отсега па натаму ќе биде нивен тутор. Маркос е свесен дека неговите родители се мртви, но малата Паула сеуште живее со надеж дека тие еден ден ќе се вратат од островот на којшто заминаа.

 

 

Каролина, Вики, Иван и Роке се останатите главни ликови во приказната коишто на почетокот го исмеваат Маркос поради неговата преголема грижа за сестрата. Марија, девојка којашто бега од лудница и засолниште наоѓа во интернатот како помошничка, всушност е биолошката мајка на Иван. Тој и бил одземен од рацете веднаш по породувањето. Марија, во овој интернат пристигнува со намера да го пронајде својот син.

 

 

Мрачни и необјасниви работи постојано се случуваат во стариот и огромен кампус којшто крие приказна стара стотина години. Стариот професор Алфонсо знае многу тајни за минатото на „Црна лагуна“ и почнува да истражува. Професорот влегува во подземните тунели на интернатот и наоѓа тела од деца којшто пред многу години живееле во интернатот. Овој интернат во минатото бил дом за напуштени деца.

 

 

Непознат човек го убива Алфонсо доле во подземните тунели на интернатот и неговото тело го фрла веднаш до скелетите на децата. Вики, Каролина, Маркос, Иван и Роке почнуваат да ги истражуваат сегашните и минатите случувања во интернатот при што доаѓаат до заклучок дека тука се вршеле експерименти врз деца. Тоа сознание ќе ги доведе во голема опасност.

 

 

Поради острата и негативна критика којашто тимот на ТВ Пакет јавно ја упати до Алфа телевизија за невложениот труд во промоцијата и најавата на спектакуларната серија „Интернат“, сега чувствуваме обврска да ги пофалиме уредниците од овој канал, бидејќи серијата оваа недела беше пристојно најавувана. Особено е во корист на гледачите тоа што се прави форшпан за секоја епизода посебно. Гледајте „Интернат“ секој работен ден на Алфа телевизија во дневниот термин 13:55 часот или во вечерниот термин 23:30 часот. Придружете се на македонската Фејсбук страница Интернат МКД за да споделуваме мислења околу оваа мистериозна приказна. Во прилог се првите пет епизоди што беа емитувани оваа недела или првите две ипол епидози доколку ги броиме според оригиналното времетраење од епизода.

 

 

 

 

 

 

видео: Мите Иванов

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм серии | Термини на емитување и броеви на епизоди

error: Содржината е заштитена!