Почетна / Серии / „Патот за Авонли“ – како денес изгледаат тие?

„Патот за Авонли“ – како денес изгледаат тие?

 

Нема кој не ги помни тие наивни детски утра, кога секој од нас уживаше во времето на невиноста со „Патот за Авонли“, култна канадска телевизиска серија која за многумина остана во срцата и години подоцна.

 

 

Но, дали некогаш сте се запрашале како изгледаат денес, 17 години по завршувањето на серијата? ТВ Пакет ексклузивно Ви ја дава таа шанса.

 

Sarah Polley ја глумеше имењачката Сара Стенли, десет годишна бунтовна девојка која ќе мора да го замени животот во луксузниот Монтреал за малото рурално село Авонли. Денес Сара е филмска и театарска актерка, продуцентка и сценаристка. 

 

Zachary Bennet го помниме како Феликс Кинг, најстариот син на Алек и Џенет Кинг кој постојано влегува во неволји. Денес, Захари е еден од најбараните млади актери во Канада. Фановите на ТВ серијата Lost Girl можат да го гледаат во истата.

 

Kyle Labine ја толкуваше улогата на малиот палавко Дејви Кит, сираче кој со својата сестра ќе се доселат под старателството на Марила Катберт откако ќе останат сираци. Кајл може да го гледате во серијата Murdoch Mysteries.

 

Aктерката која ја глумеше нескротливата Хети Кинг, Jackie Burroughs, почина на 22 септември 2010 година. Џеки беше една од најценетите драмски глумици во Канада, а зад себе има одиграно над стотина телевизиски, драмски и филмски улоги. 

 

Најстарата ќерка на Алек и Џенет Кинг, која често делува позрело за своите години и се чуствува интелектуално позрела од својата роднина Сара. Gema Zamprogna ја толкуваше Фелисити Кинг. По Авонли, Џема продолжи да глуми во ТВ серии и филмови и дипломираше филм и драма на престижниот Queen’s University.

 

Meg Rufman ја толкуваше улогата на Оливија Кинг, најмладата сестра од фамилијата, која често се поставуваше како најдобра пријателка на својата внука Сара. Руфман моментално го води реалното шоу Anything I can do.

 

R.H. Thomson е еден од водечките актери во Канада изминативе триесет години. Во „Патот за Авонли“, го толкуваше срамежливиот Џаспер Дејл, кој ќе го украде срцето на тетка Оливија. Томсон е исто така и еден од најнаградуваните актери и девет пати бил номиниран за престижните Gemini Awards (канадски пандан на Emmy) со две победи.

 

 

 

Бергер | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Повторно започнаа со снимање македонски народни приказни

Во селото Извор, Велешко во општина Чашка започна да се снима новата сезона на Македонски …

error: Содржината е заштитена!