Почетна / Телевизија / Осуда за Ахмети според кој Телма и Алфа се непријатели на Албанците

Осуда за Ахмети според кој Телма и Алфа се непријатели на Албанците

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува вчерашната изјава на претседателот на ДУИ Али Ахмети со која телевизиите Телма и Алфа ги етикетираше како непријатели на Албанците.

Јавните личности, а особено претседателите на политичките партии треба да бидат свесни дека слободата на изразување подразбира и одговорност. Наместо да се служат со непримерна комуникација, тие треба да служат за пример и да покажат највисоко ниво на почитување на еден од клучните столбови на демократијата – медиумите.

Агенцијата потсетува дека е неопходно да се почитуваат европските стандарди и ги повикува политичарите да се воздржат од употреба на јазик со којшто се дискредитираат медиумите и се потикнува меѓуетничка нетолеранција и нетрпеливост. На овој начин се поткопуваат евроинтеграциските процеси наместо да се придонесува за демократскиот развој на државата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Браво за Канал 5 – со осуда на одвратен говор кон Македонците

FB страната на Канал 5 ТВ е често посетувана од бугарски читатели кои често користат …

error: Содржината е заштитена!