Почетна / МК Сцена / Општина Штип сама ќе го организира „Макфест“

Општина Штип сама ќе го организира „Макфест“

 

Штип, градот под Исарот по 28-ми пат ќе биде домаќин на „Макфест“. Фестивалот на забавни мелодии ќе се одржи на 11. и 12. октомври оваа година под штипска организација. Годинава ќе трае само 2 дена. На 11. ќе се промовираат 20 композици, од кои 10 ќе се пласираат во финале. На 12. е финалето во кое ќе учествуваат 10 песни од претходната вечер и 10 нови песни од афирмирани автори. Конкурсот е веќе распишан и сите заинтересирани кои имаат желба да земат учество, можат да ги пратат своите композиции најдоцна до 10. јуни. Композициите треба да бидат во стилот на евергрин шлагер, а текстовите на литературен македонски јазик. Градоначалникот на град Штип, прим. м-р Илчо Захариев на прес-конференцијата откри дека и овој пат главен покровител е Општина Штип, која за овој музички настан ќе издвои 3 милиони денари од својот буџет. Уште една новост е дека уметничкиот директор на фестивалот оваа година ќе е Драган Мијалковски. Организацијата ќе се потруди на „Макфест“ да се врати сјајот и автентичноста, колку ќе се успее во тоа останува да видиме во иднина. Со повеќе детали ќе бидете навремено известени.

 

извор: Музика 24

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Откажан „Мозаик“, парите за карти може да ги рефундирате

Организаторот на МОЗАИК фестивал заедно со артистите на настанот одлучи да го одложи концертот во …

error: Содржината е заштитена!