Почетна / Забава / Нов моден свет на Ивана Кнез и Бранка Данчевска

Нов моден свет на Ивана Кнез и Бранка Данчевска

 

Карла е новото модно студио што ќе се отвори во центарот на скопската чаршија, покрај Безистен, на 31ви март, 2014 година, од страна на Ивана Кнез и Бранка Данчевска. Овој моден свет, во чиј фокус ќе се најде сета авангардност, уникатност и ексклузивност е дело создадено од актуелните и докажани македонски дизајнерки.

 

 

Во објектот што вклучува изложбен салон и модно ателје, љубителите на високата мода и луксузниот стил, ќе можат да го најдат своето совршено парче накит, рачно изработено или пак уникатно дизајнирана облека. Студиото Карла, само ја потврдува веќе успешната соработка помеѓу двете млади и успешни дизајнерки кои за во иднина најавуваат голем број заеднички проекти.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мартин 99: Пред да се оженам еден телефон швалерски, друг за работа

Во најновата епизода на подкастот „Искрено со Ивана И Адријана”, девојките седнаа со Мартин Трпчевски …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!