Почетна / Живот / На денешен ден почина Александар Македонски

На денешен ден почина Александар Македонски

 

Според тврдењата, на денешен ден, 13-ти јуни, 323 години пред нашата ера во Вавилон починал Александар Трети Македонски. Други, пак, тврдат дека во вечноста заминал на 10-ти јуни. Синот на Олимпија и Филип Втори Македонски станал најпознат во историјата по неговите освојувања, кога по Персиското царство стигнал дури до Индија. Бил крал на Македонија и владеел од 336 п.н.е. до 323 п.н.е.

 

 

 

Тој бил еден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото. Александар ја покорил Персиската Империја, вклучувајќи ја Анадолија, Сирија, Египет и Месопотамија, и ги проширил границите на Кралството Македонија дури до Авганистан и Индија. Воден од мислата да создаде „светска држава“, Александар кон освоените култури се однесувал со почит, вклучувајќи немакедонци во неговата војска и администрацијата. Со својата војска минал 18.000 километри, а дури и денес во некои воени школи низ светот се учи за воената стратегија на Александар. Роден е во Пела на 22-ри јули 356 години п.н.е.

 

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени наградите на ЗИКМ на годинешниот Саем на книгата во Скопје

Во рамки на XXXII Меѓународен саем на книгата во Скопје, во сабота, 12.09.2020, со почеток …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!