Почетна / Вебновела / Научиме да летам – нова вебновела оваа есен

Научиме да летам – нова вебновела оваа есен

Фамилијата Ламас е во сопственост на моќната авио-компанија Фалкон, на чие чело е Лусијано Ламас (Gonzalo Vega), кој по смртта на својата прва сопруга се преженува со Емператриз (Joana Benedek), жена без скрупули и со матно минато, која ги презира синовите од првиот брак на Лусијано, Себастијан (Iván Sánchez ) и Мануел (Jorge Poza).

Слика (Luciano Lamas)

Една неправедна интрига на Емператриз, вечно ќе ги раздели таткото и постариот син. Себастијан заминува вон државата, а како единствен наследник на својата империја, Лусијано го прогласува помладиот и болежлив Мануел.

Слика (Cаtalina Urióstegui)

Во семејниот бизнис вмешана е и харизматичната Агата Уриостеги Фаберман (Mariana Kar), позната писателка на трилер романи , чиј брат Рафал (Alfredo Adame) работи како генерален директор во компанијата на Лусијано. Рафаел е женет со умно болната Мерседес (Maria Sorte) со која има две ќерки, постарата Кaталина (Jacqueline Bracamontes) и помладата Луз (Karla Souza). 

Слика (Luz Urióstegui)

Слика (Sebastián Lamas)

Каталина веќе две години е верена за Мануел, а во компанијата работи како односи со јавност. Испратена во Шпанија да ја истражи новата компанија со која Фалкон сака да се обедини, Каталина го запознава Себастијан и нејзиниот живот комплетно ќе се промени откако ќе се заљуби во човекот кој е брат на нејзиниот вереник.

Слика (Emperatriz Lamas)

Слика (Manuel Lamas)

Приказната е исполнета со конфликтни и мистериозни ситуации, борба за власт и моќ, преку која се откриваат најмрачните тајни на минатото.

 

ПРЕМИЕРА 2ри НОЕМВРИ
 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …