Почетна / Телевизија / Македонците незадоволни од понудата на ТВ канали

Македонците незадоволни од понудата на ТВ канали

Македонците незадоволни од понудата на ТВ канали

 

Според евиденцијата на Советот за радиодифузија, на територијата на Македонија се реемитуваат 357 канали преку 80 провајдери за телевизиски услуги. На прв поглед звучи импресивно, меѓутоа понудата на телевизиски канали во Македонија е далеку од атрактивна, пишува Нова Македонија, пренесува ТеВе.

 

 

Последниот удар беше наменет за љубителите на фудбалот, кои оваа сезона ќе имаат значително помал пристап до натпреварите од Лигата на шампионите и Лига Европа, освен ако не се претплатени на дополнителните пакети на Max TV и T-Home.

Покрај тоа, понудата на ТВ каналите е особено сиромашна. Во основниот пакет повеќето оператори нудат околу 60 ТВ канали. Повеќе од половина се македонски и регионални канали. Останатите се информативни, филмски, спортски, детски и забавни канали, но тие не ги задоволуваат потребите на гледачите. Покрај неатрактивноста, заеднчичка особина на сите тие канали е тоа што се емитуваат некодирани, односно операторите за нивното реемитување не трошат ниту денар, пренесува Нова Македонија.

Операторите единствено мораат да ја реемитуваат програмата на Македонската радио-телевизија. Не постои подзаконски акт кој им одредува на операторите кои канали да ги реемитуваат, односно немаат никакви обврски кога е во прашање реемитувањето на странските ТВ Канали“, вели Борче Маневски, раководител на Секторот за европска и меѓународна соработка и портпарол на СРД.

И покрај тоа што не постои закон којшто се занимава со конкуренцијата меѓу ТВ операторите, барем засега, корисниците немаат никаква корист од тоа. Понудите на операторите се горе-долу исти. Разликите се сосема мали, на пример, избор помеѓу српскиот DM Sat и бугарската Planeta, а двете емитуваат турбофолк музика.

Исто така, операторот може своеволно да менува канали во понудата, па така претплатникот многу лесно може да остане без својот омилен канал поради кој го променил операторот.

Повеќе атрактивни не се ниту каналите за кои се плаќа дополнителна претплата. Прво што привлекува внимание е тоа што некои канали се наоѓаат во основниот пакет на еден оператор, а во дополнителниот пакет на друг оператор. Така да операторите не можат да се пофалат дека нивните дополнителни пакети нудат нешто што вреди да се плати дополнително.

Кога е во прашање законската регулатива, медиумските професионалци се согласуваат дека таа е далеку од европските закони.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телма работи независно и обејктивно – реакција до судијата Нанев

Телма телевизија до Судски Совет испратила допис како реакција на излагањето на судијата Лазар Нанев …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!