Почетна / Филм / Македонски филмови во прајмтајм на МТВ 1 за 2 Август – Илинден

Македонски филмови во прајмтајм на МТВ 1 за 2 Август – Илинден

Домашни филмови на Прва за празникот

 

Традиционално, Македонската телевизија за празникот Илинден ќе емитува домашнио играни филмови. Можеби веќе неколкупати емитувани на оваа фреквенција, но сепак телевизијата и овој празник одлучи да ги емитува “Балканот не е мртов” и “Републиката во пламен” со почеток од 20 часот и 15 минути. Во продолжение, краток осврт на филмовите.

 

Балканот не е мртов, 20.15 часот

Во 1905 година Европа го достигнува зенитот на славата.. Европејците се вџашени од технолошките достигнувања и појавата на филмот, во европските градови има паради на радост и луксузни забави. Луѓето од стариот континент ја поздравуваат новата епоха која ќе ги обедини, ќе стави крај на војните и ќе донесе радост, напредок и благосостојба. Во исто време, далеку на Балканот, големата Отоманска Империја се распаѓа. Овој филм ја раскажува приказната за љубовта меѓу Кемал Ататурк и Елени Каринте, но и за Осман-бег и  Македонката Цвета.

Продукцијата е на „Кино око“ од Македонија во партнерство со продуцентски куќи од Србија, Хрватска и Словенија. Режијата е на Дејан Дуковски, музиката на маестро Џајковски, а улогите ги толкуваат Никола Ристановски, Наташа Тапушковиќ,  Драгана Костадиновска, Раде Шербеџија..

 

Републиката во пламен – 22.00 часот

 

Републиката во пламен e македонски игран филм по сценарио на Љубиша Георгиевски и Јован Бошковски, а во режија на Љубиша Георгиевски .На 2 август 1903 година, на светиот ден Илинден, во Македонија се крена востание. Тоа беше одговор на повеќевековното ропство и теророт на кој беше изложен македонскиот народ. Илинденското востание кулминираше во создавањето на Крушевската република која опстојуваше десет дена и беше единствена република на Балканот во тоа време. За да се објаснат целта и намерите на востанието, Никола Карев, претседател на Крушевската република го пишува Манифестот на Крушевската република, кој според прогресивноста на идеите изнесени во него е далеку пред времето на настанувањето.

Веднаш по започнувањето на востанието кое претендираше да се прошири низ поголемиот дел од Македонија, стана јасно дека тоа е кренато без целосни подготовки… Бројна турска војска го напаѓа Крушево. Востаниците го напуштаат градот. Останува само четата на Питу Гули. Тој е решен да даде пример како се сака својот народ и како се гине за неговата слобода. Нивната херојска смрт на Мечкин Камен ја заслужи и почитта на непријателот.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Американски филм на Телма секој ден во 23 часот

Ако до минатата ТВ сезона, играните филмови на Телма се емитуваа во 22 часот, од …

Leave a Reply