Почетна / Телевизија / Започнаа репризи на Телма, први во редот „Лица за одстрел“ и „Росела“

Започнаа репризи на Телма, први во редот „Лица за одстрел“ и „Росела“

 

Наутро и навечер – две репризи на Телма

 

Како и кон крајот на ланската тв сезона, така и кон крајот на оваа, Телма започнува со репризно емитување на сериите кои ги има прикажувано. Пред неколку дена во прајмтајм во 21.30 часот започна со репризирање третата сезона од “Person of interest”.

 

 

Секоја работна вечер Телма повторно нуди шанса за оние кои ја пропуштиле третата сезона од криминалниот трилер за ЦИА агентот кој се здружува со мултимилијардер за да спречи криминални дејствија, користејќи сопствен бренд на одмаздничка правда.

Освен “Лица за одстрел”, Телма телевизија по којзнае кој пат ја репризира и италијанската новела “Росела” во утринскиот термин од 7.15 часот.

 

 

За сите ранобудници и пензионери, уште една можност да го следат љубовниот триаголник меѓу Росела, Џилијано и Рикардо, лавиринт кој ќе донесе бура на емоции, борба за чест, неправди и двобои кои го отсликуваат тоа романтично време.

Која следна реприза ќе ни ја прикаже Телма, останува да видиме.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Патуваме сонуваме“ со Аурора секој викенд на ТВ 24

Нова сезона на “Патуваме сонуваме” со Аурора Турс на ТВ 24. Патуваме, сонуваме со Аурора …