Почетна / МК Сцена / Жељко и Слаткар на гроздобер во Кавадарци

Жељко и Слаткар на гроздобер во Кавадарци

Концерти на Жељко Јоксимовиќ, Влатко Стефановски и Дадо Топиќ овој викенд во Кавадарци

 

“Тиквешки гроздобер“ претставува продолжување на една долга и богата традиција која на овие простори се одржувала уште во времето на античка Македонија, кога во чест на Богот на виното Дионис и виновата лоза биле одржувани “Дионисиеви денови“ . Овие свечености траеле неколку дена и на нив присуствувало целото население (и слободните граѓани и робовите). Античките Македонци со голема умешност и љубов ја одгледувале и негувале оваа култура за што сведочат многубројните надгробни стели, мозаици и релјефи на бројните археолошки локалитети во Тиквешијата.

 

 

 

Но манифестацијата онаква каква што ја организира Кавадарци трае половина век. Општина Кавадарци годинава слави 50 години од постоење на оваа позната манифестација која ја слави бербата на грозјето во Тиквешкиот регион. Секоја година се избираат претставници на грозје : крал,кралица и нивни придружници. Учесници во карневалската поворка се најчесто ученици од Кавадаречките училишта.

Оваа година, Тиквешкиот гроздобер ќе ги собере најголемите ѕвезди од регионот, но ќе настапат и познати македонски имиња и локални музички групи. Ексклузивно Ве информираме што ќе се случува секој ден на овој гроздобер.

Отворањето на манифестацијата ќе биде во петок на 5 септември во Музејот со почеток во 12 часот преку изложба на која ќе бидат претставени стари историски фотографии кои сведочат за ослободувањето на Кавадарци. Прославата продолжува на Градскиот плоштад каде од 13 часот секој ќе може да дегустира грозје, вино и ракија од познати винарии. 20 часот е резервиран за отворањето на Винскиот боемски фестивал, посветен на Никола Бадев, а во 21 часот и 30 минути свое шоу ќе имаат Тони Михајловски и Скандал састаф, а по нив и маестро Влатко Стефановски и Андријана Јаневска. На полноќ, се затвора првата вечер со избор на винска убавица во Винската куќа.

 

 

Денските случувања во сабота (6 септември) ќе ги одбележат изложбата на олд тајмери, таблијадата, меѓународниот турнир во стрелаштво, а вечерната прослава започнува во 20 часот со обраќање на Градоначалникот на Кавадарци и големиот огномет. Кулминацијата, гроздоберот ја доживува оваа саботна ноќ со концертот на мега ѕвездата Жељко Јоксимовиќ кој започнува во 22 часот. Сите фанови на песните на Жељко, сите фанови на убавото вино и тиквешкото грозје на Градскиот плоштад ќе може да ја доживеат најголемата септемвриска саботна треска. Ноќта завршува со Тиквешка серенада на полноќ.

 

 

Неделата, како последен ден од гроздоберот е резервирана за забава со уличните забавувачи, кошаркарски турнир, изложба на кучиња и детскиот карневал. Прогласувањето на најдобрите вина на годината ќе се одржи во 20 часот, а затворањето на програмата е во 21 часот со концертите на Дадо Топиќ, Тајзи и Слаткар, кој неодамна се ожени со бившата манекенка и водителка Сања Николиќ.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара го изостави името на земјата : Честит празник, татковино моја!

Порталот Република пишува за честитката на поп пејачката Тодевска по повод денешниот празник – денот …