Почетна / Забава / Елвир Мекиќ за влакно ја избегна смртта!

Елвир Мекиќ за влакно ја избегна смртта!

Елвир Мекиќ снимал спот за својата нова песна еден час пред да се случи петкратното убиство на езерото кај Смилковци. Тој и неговата екипа биле присутни на местото повеќе часа, објавува магазинот “Свет”.

– Страшно. Во четвртокот на 12 април снимавме неколку часа на обиколницата. Се возевме наоколу неколку пати и покрај самото езеро поминавме 5–6 пати. Тоа се одвиваше некаде околу еден час пред да се случи убиството. Во прв момент не сфатив дека се работи за истото езеро. Без избезумен, не знаев каде точно се наоѓа тоа езеро. Кога сфатив дека имаме снимки му се јавив на Јован Јованов, со кого го работевме спотот. Сфатив каде снимавме и некако сум во шок. Човече, па можеа и мене да ме убијат! – изјави Елвир за “Свет”.

Којзнае, можеби снимките од неговиот спот ќе имаат удел во откривањето на  убијците.

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Луксузниот бренд ,,Елена Лука” го носи својот гламур во Њујорк!

Десетгодишниот јубилеј означува една нова ера за етаблираниот моден бренд Елена Лука и македонската мода …