Почетна / Телевизија / Твоето лице звучи познато / Ексклузивно | Даниел Кајмакоски дел од Твоето лице звучи познато

Ексклузивно | Даниел Кајмакоски дел од Твоето лице звучи познато

 

Официјално продукцијата Емоушн ги објави имињата на учесниците во третата сезона од регионалното музичко забавно шоу Твоето лице звучи познато, кое почнува на Сител во недела 6 март од 21 часот.

 

 

Првиот победник на регионалниот Икс Фактор Даниел Кајмакоски е учесникот од Македонија, а покрај него ќе се натпреваруваат и Дара Бубамара, Халид Муслимовиќ, Ана Михајловски, водителката толку на првата сезона на Икс Фактор. Популарните пејачки Славица Чуктераш, Ивана Петерс од Негатив и Катарина Остојиќ Каја. Поранешниот учесник на регионалното реално шоу Survivor и познат пејач Никола Роквиќ, познатиот актер од Курсаџии, Богољуб Митиќ-Ѓоша и комичарот Ненад Даниловиќ попознат како Неша Бриџис.

Во жирито оваа година ќе бидат популарниот пејач Владо Георгиев, познатиот водител Иван Ивановиќ и првата победничка на ова шоу пејачката Ана Кокиќ. Сите ветуваат одлична забава, а продукцијата гарантира дека оваа сезона ќе биде запамтена како најспектакуларна.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Елена со „Текила и лимон“ – специјална гостинка на финалето на ТЛЗП

  “Текила и лимон” пред балканската публика   ТВ Пакет открива: македонската поп пејачка Елена …