Почетна / Забава / Егзотично лето во Скопје среде март – Тумбао Салса Бенд ни ја донесоа Куба

Егзотично лето во Скопје среде март – Тумбао Салса Бенд ни ја донесоа Куба

 

Насмеани лица се слеваа како река од Универзална Сала по завршувањето на првиот концерт на Тумбао Салса Бенд. Концертниот простор беше со целосно изменет лик токму за овој настан: палми, море, плажа, песок, коктели…

 

 

Она што дополнително ја подгреа атмосферата беше тоа што седиштата во партерот беа извадени, па просторот пред бина беше претворен во подиум за танцување. Петар Ренџов не ја штедеше својата енергија и постојано се симнуваше меѓу публиката, а не се воздржуваа и неговите колеги – гостите од Куба, Азафран Микс.

 

 

Присутните коментираа дека се чувствуваат како навистина да се на Куба, а не во Скопје. Меѓу публиката, беше и претседателот на Р. Македонија, Ѓорѓе Иванов кој заедно со своето семејство уживаше во салса ритамот. Тумбао Салса Бенд барем за момент успеаа да ни ја доловат позитивната енергија која ја носи летото. За сите што го пропуштија вчерашниот концерт, денес има реприза на истото место со почеток од 20:30.

 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филхармонија во парк со „Одисеја 2024“ – музика од филмовите на Кјубрик

И оваа година, Македонската филхармонија ќе го реализира традиционалниот концерт „Филхармонија на отворено”, кој ќе …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!