Почетна / Забава / Доктор Оз | Совети за вечна љубов здравје и среќа

Доктор Оз | Совети за вечна љубов здравје и среќа

 

И по 26 години брак сеуште е видлива искрата на возбуда меѓу нив. „Од секогаш мислев дека Лиса е секси“ – вели Др. Оз.

Се запознале на старомоден начин. Кога Лиса била на колеџ, а Мехмет одел во медицинското училиште, нивните родители решиле да ги запознаат. Шест месеци излегувале и биле во врска пред да се одлучат за брак. Две и пол години подоцна ја официјализирале нивната врска. „Ниедна врска не е без маана. Но ако си посветен и сакаш да успее, ќе најдеш начин таа да се развие.“ – признава Лиса.

И покрај вљубувањето „набрзина“, четирите динамични деца и презафатеноста со нивните кариери, Лиса и Мехмет се посилни од кога било. Затоа ако барате љубов, почнувате нова врска или веќе сте подолго во неа, нивните проверени совети ќе ви помогнат да изградите подобра врска со партнерот.

 

Ова се нивните 5 совети за вечна љубов, здравје и среќа.

1. Фокусирајте се на позитивното
„Ние сме како и сите останати двојки“- вели Лиса. „ Се расправаме често и има периоди кога ни станува здодевно“. Нејзиното решение? Потсетете се на она што најмногу ви се допаѓа кај партнерот, а не она што ве иритира.  „Секогаш кога тој прави нешто што многу ме нервира, јас размислувам за оние негови особини што ги обожувам“- вели таа.  „На пример јас сакам да сум постојано со него и главно се жалам дека немаме доволно време заедно. Но, позитивната страна е што обожувам колку отворен и достапен е тој за луѓето на кои им е потребен.“

2. Превземете одговорност за вашата среќа
„Многу е важно да запаметите дека без оглед колку многу сакате да бидете заедно, едноставно не можете да ги задоволите сите потреби на партнерот.“- вели Др. Оз. „Со години сакав Мехмет да работи помалку, а да биде со мене повеќе“ – признава Лиса.  На почетокот обвинувајќи го сопругот за нејзината здодевност, подоцна сваќа дека таа самата мора да си ја создаде својата среќа.  „ На крајот сватив дека не можеш да седиш и да чекаш друг да ги направи работите што ти ги сакаш.  На пример, ако сакаш тој да биде поромантичен, треба ти прво да бидеш романтична. Мораш ти да почнеш прва.“

 

 

3. Споделете ја својата страст
Здравиот начин на живот е нешто што ги поврзува и двајцата.
Лиса е вегетаријанец од својата 15 година, па ги вклучи растенијата со свежи бои во секое јадење што го подготвува. „Имав среќа што се оженив за одлична готвачка“ – вели Др. Оз, кој јаде риба и живина кога е надвор од дома. „Лиса прави храната да е разиграна и вкусна“ – додава тој. Таа исто така го запозна сопругот со тренерот Џоел Харпер кој работи со нив.  За да го направат вежбањето позабавно за нивните четири деца ( Дафне, Арабела, Зое и Оливер) тие измислија Оз Олимпијада. „ Некој беше подобар во фрлање топка, а некој побрз во трчање“ – објаснува Лиса. „Затоа Мехмет воведе натпреварување каде секое дете имаше шанса да освои медал. Така го минувавме скоро секое попладне кога беа мали.“

4. Почитувајте се
„На почетокот од врската секогаш сте внимателни и љубезни еден кон друг“ – вели искрено Лиса. „Но после неколку години, лесно е да заборавиш да кажеш „благодарам “ или „ те молам “.  Понекогаш подобро се однесуваш кон тотален странец отколку кон твојот сопруг. „Клучот за да ги надминете тешките времиња заедно лежи во грижата еден за друг, љубезноста и соживотот.“- додава Др. Оз. „ Тешко е да сакаш некого ако не го почитуваш, а тоа лесно се заборава во време на расправии. Лиса знае како да ме изнервира и тоа не го прави намерно. Се караме , па се смируваме“.

5. Бидете интимни
Зборуваме за сексот. „Мојот рецепт за секс….“ – започнува Др. Оз, „….е што почесто тоа подобро“ – довршува Лиса смеејќи се.  Др.Оз верува дека е многу потешко да се обнови огнот што веќе згаснал. Затоа интимноста мора да стане редовен дел од секојдневниот  живот. Колку често докторот препорачува партнерите „да се фатат за работа“? „Два или три пати неделно“ – вели тој, објаснувајќи „ Покрај чувството на задоволство, сексот  помага да живеете подолго. Научно е докажано дека ако се практикува два пати неделно, тоа значи плус три години живот. “

Ќе се согласите,  Др.Оз доволно кажа.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Виолинистот Стефан Миленковиќ и „Профундис“ со концерт во Скопје

Светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и македонскиот камерен оркестар „Профундис“, на 20 септември ќе приредат …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!