Почетна / Телевизија / Данската крими серија „Истрага“ од утре на полноќ на Сител

Данската крими серија „Истрага“ од утре на полноќ на Сител

 

“Истрага” – од понеделник до петок во 00.00 часот на Сител

 

“Истрага” е данска крими серија, снимена во три сезони од 2007 до 2012 година. Серијата постигна голем успех и гледаност не само во Данска, туку и во другите земји од Европа, при што и американската куќа AMC направи римејк верзија. Со оваа серија започна ерата на скандинавскиот трилер, оваа серија за кратко време стекна култен статус и им го отвори патот кон успехот на многу скандинавски серии како “Премиерка”, “Валандер”, “Убиства со умисла”, “Година 1790-та” и многу други.

 

 

“Истрага”, односно “Убиство” оригинално, има многу номинации и награди на престижни манифестации и фестивали меѓу кои оние за најдобра трилер серија, најдобра интернационална драма и нахрадата на Софи Грабол за најдобра актерка. Софи го толкува главниот лик, детективката Сара, која стана обожуваана од фановите на криминалистиката, а нејзините џемпери станаа вистински моден хит во Европа. Серијата се има емитувано во над 40 земји во светот.

Содржина:
Во центарот на приказната е Сара, младата инспекторка која ги поминува последните денови, работјеќи во Одделот за убиства. Додека се опростува од колегите и се запознава со нејзиниот нов наследник, таа добива вознемирувачки нов случај кој ќе мора да го реши.

 

 

Се работи за случајот на едно нормално и секојдневно семејство, сопружниците Теис и Перниле кои планираат да се преселат во нов кварт во Копенхаген, но дента ги надвладува вистинска ноќна мора. Нивната 19 годишна ќерка е најдена силувана и мртва. Случајот се поврзува со политичарот Троелс, затоа што автомобилот во кој е најдена девојката бил користен за неговата изборна кампања. Траги кои би воделе до нови докази се најдени и во средното училиште каде учела жртвата. Прашањето е, како е автомобилот поврзан со случајот, како политичарот кој води беспоштедна кампања е поврзан со убиството. Истрагата е исврпувачка и тешка, но на виделина ќе открие многу општествени тајни и поврзаност на различни општествени структури на Копенхаген.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тимот на ТВ Пакет со честитка за новоизбраниот директор на МРТ

Со одлука на Програмскиот совет на Македонската радиотелевизија, по 14 години, нов директор застанува на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!