Почетна / Забава / Евровизија / Дали класичната поп песна ќе и обезбеди пласман на Данска во финале?

Дали класичната поп песна ќе и обезбеди пласман на Данска во финале?

 

Данска на Евровизија со “Soldiers of love”

 

Со нејзиното деби од 1957, Данска е една од првите учеснички на оваа музичка манифестација а досега бележи три победи (1963, 2000 и 2013 година). Минатата година тие за првпат после 2007 година не успеваат да се пласираат во финале со песна слична на годинешниот нивен победник.

 

 

Своето учество во земјата сосед Данска го потврди уште на 26 мај минатата година секако објавувајќи правила за нивниот долгогодишен избор Dansk Melodi Grand Prix. На 13 февруари беше оддржан изборот во градот Хорсенс а настапија 10 песни каде што преку гласање на жири и публика беа одбрани трите песни кои одеа во следната фаза суперфинале и каде што се гласаше исклучиво со гласови од публиката. Со вкуно 42% од гласовите, групата Lighthouse X беше избрана за нивен претставник во Стокхолм.

 

Oвој дански бенд составен од тројца млади музичари постои од 2014 година и првично бил наменет да му помага на луѓе кои се соочуваат со тешкотии во нивните животи. Тие работат како амбасадори на три различни непрофитни организации кои исто така добиваат процент од профитот на групата. Во 2013 го издаваат својот деби сингл “Kærligheden kalder” кој се искачува високо на данските топ листи. Во 2015 го издаваат нивниот самостоен албум, а во истата година имаа два успешни синглови Home и It’s a Brand New Day.

 

 

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Тамара успеа да се пласира во финале, Македонија горда!

Вечерва, македонската претставничка Тамара Тодевска нè направи горди со својот настап на најголемиот европски избор …