Почетна / МК Сцена / Голем хепенинг во паркот „Аеродром“

Голем хепенинг во паркот „Аеродром“

На 22-ри септември, голем хепенинг во паркот „Аеродром“

 

Општина Аеродром и здружението „Ново Лисиче“ на 22-ри септември (сабота) во новиот парк со авион „Аеродром“ организираат голем, целодневен хепенинг!  

„Ново Лисиче го кани светот“ се случува по трет пат и е отворен за сите генерации со влез слободен. Станува збор за целодневна забавна програма која ќе стартува во 12:00 часот на пладне, ќе трае до 03:00 часот по полноќ и ќе се одвива на 3 различни сцени. Манифестацијата ќе започне со спортски натпревари, за потоа да следи детска програма исполнета со многу игри, награди, забава со пантомима и жонглирање, дружење со својот омилен лик-кучето Петко(5+), Зумба танц…  

Вечерта започнува со интерактивно учество во караоке шоу со Ненад и домашни естрадни ѕвезди, а потоа ќе следи големото музичко шоу на главната сцена каде ќе настапуваат ДЈ Славе, Фиц (Студени нозе), Сиги, Аце НЛ и Џоле (Токсикологија), Ајс Нигрутин и Тимбе (Бед Копи) и многу други.  

Забавата ќе продолжи со ГЕН на третата, афтер сцена. Идејата да се организира ваква манифестација на отворено потекна од граѓаните на Аеродром, особено младите од населбата Ново Лисиче се со цел да се збогати културно-забавната програма  во општината Аеродром и истата да прерасне во едно големо, традиционално дружење.

 

Проектот е поддржан од Иноватива груп

 

 

 

Martin M. | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Голдберг варијации“ во изведба на пијанистот Дино Имери

Едно од најпознатите дела на музичкиот гениј Јохан Себастијан Бах, неговите „Голдберг варијации“, ќе прозвучат …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!