Почетна / МК Сцена / Влатко Лозаноски номиниран за музички Оскар

Влатко Лозаноски номиниран за музички Оскар

 

Ексклузивецот на План Б Продукција, Влатко Лозаноски – Лозано утревечер ќе биде дел од еден од најголемите регионални музички настани „БХ музички Оскар“ кој ќе се одржи во салата Мејдан во Тузла, Босна и Херцеговина. Градот на солта ќе биде домаќин на 11-то издание на најголемата манифестација во БиХ за која организаторот вели дека ќе биде спектакл за кој долго ќе се зборува. Манифестацијата е позната по тоа што секоја година ги собира најголемите музички имиња од Балканскиот простор, а наградите се доделувани на најдобрите изведувачи на поп-рок и етно-фолк музиката во сите музички категории.

 

„Огромна чест ми е што сум номиниран за овогодишниот музички Оскар во Босна и Херцеговина. Ова е една голема манифестација и навистина сум среќен што ќе се најдам во друштво на големите музички ѕвезди од регионот кои зад себе имаат долгогодишна кариера“, изјавува Лозано.

 

 

Оваа година „БХ музички Оскар“ ќе има 30 номинации, од кои 20 награди ќе отидат во рацете на естрадните уметници, а 10 награди на личности од културно-јавниот и политичкиот живот кои дале свој придонес во музичката сцена на БиХ и во музиката воопшто. Меѓу номинираните се: Хари Мата Хари, Младен Војчиќ Тифа, Халид Бешлиќ, Ханка Палдум, Елвира Рахиќ, Ивана Селаков и многу други, а од Македонија покрај Лозано номинирана е и Анета Мицевска од групата Молика, која по четврти пат е добитник на овој Оскар.

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Каролина и Амира ја отпеаа легендарната „Македонско девојче“

За време на концертот во Хераклеа во организација на неприкосновената Авалон, а и на изненадување …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!