Почетна / МК Сцена / Вистина.мк открива новинарска геј афера

Вистина.мк открива новинарска геј афера

 

Не е тајна дека и кај нас меѓу новинарите одвреме – навреме се случува понекоја љубовна романса, која преоѓа во љубовна сеанса, а сето тоа во добра мера завршува со љубовна афера, пишува порталот Вистина.мк.

 

 

– Последниве недели во македонските новинарски кругови се повеќе се шушка дека на повидок е уште една таква афера. Овој пат главни протагонисти се двајца политички новинари. Ништо страшно, би рекол некој. Љубовта нема граници, не познава, вера, раса, боја, религија… па ни  професија. Навидум нова љубовна бајка. Ама само навидум. Овој пат во фокусот на озборувањата не се новинар и новинарка туку двајца новинари. Од посилниот пол, секако! И обајцата се сметаат за блиски до СДСМ и важат за ударни тупаници на главната опозициска партија. Кулоарските муабети одат до таму што поединци се колнат дека ги виделе како често се среќаваат во изнајмен стан во Скопје, а повеќе пати заедно службено патувале и надвор од државата, пишува Вистина.мк.

 

 

Модерни времиња за  „модерни момчиња“.  Како што пишува порталот, проблемот е следен: обајцата се женети! Дали морале да се решат на таков чекор во недостиг на закон кој би им овозможил истополов брак или од страв „да не ги линчува“ стереотипната, конзервативна  околина – само тие си знаат. Ама не знаат оние дома. Нивните понежни половини. Или можеби знаат, па сите заедничкии „ја играат играта“ : јас ќе молчам, а ти ќе плаќаш. За заедничко добро! Како и да е, времето ќе покаже дали ќе соберат  доволно храброст да ја обелоденат својата сексуална определба, пишува порталот.

На демократскиот Запад, на кој многу често се повикуваат, многумина новинари без предрасуди и табуа транспарентно го сториле тоа. Како на пример новинарот на  телевизиската мрежа CNN, Дон Лемон, кој во 2011. година не само што јавно призна дека е роден геј, туку и ја објави својата автобиографија „Транспарентен“. А не како нашиве, кои се храбри и транспарентни само кога се работи за други, но не и за себе!, заклучува Вистина.мк.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа ја оживеа нејзината прва песна „Do you remember“

На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна на македонски …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!