Почетна / Серии / Викенд реприза на акционата серија „На тајна задача“ на Сител

Викенд реприза на акционата серија „На тајна задача“ на Сител

Сабота и недела во 23.30 часот на Сител

 

Сител телевизија со реприза на американската акциона драма “На тајна задача”. Серијата е во продукција на USA Network и е снимена во 75 продолженија. Главната улога ја толкува Пајпер Перабо во улога на младата агентка на ЦИА, Ени.

Ени Вокер е отргната од обуката на ЦИА и е ставена на задача во самиот внатрешен круг на Агенцијата, поради своите јазични венштини. Заедно со Август, слеп експерт за технологија, таа ќе се соочи со најопасните криминаци и терористи кои претставуваат закана за Америка.

Но, која е целта на ова унапредување на практикантката Ени во агентка? Што се крие зад тој потег на ЦИА? Покрај професионалните, серијата ги прати и приватните авантури на младата девојка.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм серии | Термини на емитување и броеви на епизоди

error: Содржината е заштитена!