Почетна / Телевизија / ВИДЕО | Македонскиот учесник Дарко е победник на „Големиот брат“

ВИДЕО | Македонскиот учесник Дарко е победник на „Големиот брат“

 

Прв Македонец – победник на “Big brother”

 

Дарко Петковски од Куманово е победник на овогодинешната сезона од најголемото реално шоу – Големиот брат. Прво место и околу 95.000 евра – тоа е исходот на нашиот учесник на големото суперфинале. Ја доби поддршката од целата балканска публика, ги доби гласовите од публиката, победувајќи ги Горан, Ервин и Барбара. Дарко заслужено победи.

 

 

Како последен станар кој остана во куќата, од Големиот брат беше испратен со зборовите :

“Почна тивко, а потоа почна да освојуваш сигурно. Твојата наклонетост кон Тина, пријателство со Ервин, истрајност и добродушност, те доведоа до овој момент. До победа. Дарко, Големиот брат ти честита”.

По овие зборови, Дарко замина од куќата и на спектакуларната сцена беше пречекан од водителите, станарите и публиката кои едногласно го бодреа цело време. Македонскиот учесник и победник не можеше да ги воздржи емоциите, а ние му честитаме за победата и за тоа што покажа дека без скандали, секс и караници може да се стигне до победа.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тимот на ТВ Пакет со честитка за новоизбраниот директор на МРТ

Со одлука на Програмскиот совет на Македонската радиотелевизија, по 14 години, нов директор застанува на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!