Вечерва во 18:00 часот на Сител ве очекува вистински урнебес

Драгослав Тасевски е учесникот кој што направи вистинско шоу во квизот „Се или нешто“. Човекот кој што мирно ги чекаше своите пет минути направи урнебес во студиото на Сител телевизија.

Најпрво и ржеше на водителката Лила Филиповска која не можеше да се воздржи до смеење, потоа зборуваше со банкарот на некој свој измислен јазик, за на крај да танцува и да запее на сцената.

Публиката се насмеа од душа, запознајте го необичниот хумор на Драгослав и вие вечерва во 18:00 часот на Сител телевизија во квизот „Се или нешто“. Во прилог е најавата.
| ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
