Овој понеделник во ресторанот Дома се одржа промоцијата на спотот за песната „Кафанска“ на пејачот Боби Павловски. Композитор на музиката и текстот е Јане Рафаиловски, а го снимаше Дарио Јанковиќ. Ритамот на песната е доста весел па така за потребите на спотот беше одбрано и место со таква атмосфера. Интересно е тоа што промоцијата на спотот се одржа на истото место кадешто се снимаше истиот, а одредени кадри беа направени и во неговиот дом.

Презадоволен од тоа како излезе видео записот Боби на своите колеги, новинари, пријатели и соработници им изрази особено задоволство што беа дел оваа негова приказна наречена „Кафанска“.


 ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
				
 
		 
						
					 
						
					 
						
					 
					
				