Почетна / Забава / Видео | Бендот Свич го промовираше своето првенче – „Те сакам“

Видео | Бендот Свич го промовираше своето првенче – „Те сакам“

 

Месецот на љубовта ќе го испратиме со промоција на нова песна која носи прилично љубовен наслов – „Те сакам“. За Источна Македонија добропознати љубители на музиката, а ние допрва ќе слушаме за нив. Кочанската рок група „Свич“ деновиве го заврши и видео записот за новата песна, а се случи и официјалната промоција. Членовите на групата очекуваат нивното првенче да биде препознатлив белег на домашната музичка сцена.

 

 

КОИ СЕ „СВИЧ“?

Членовите на групата претходно можевме да ги видиме и во други бендови, но во овој состав се веќе година ипол. Настапуваат претежно во Источна Македонија, односно во градовите Кочани, Виница, Велес, Штип, Берово, Македонска Каменица и Свети Никола каде што си имаат своја публика. Свират поп-рок, прават баланс помеѓу она што им се допаѓа нив како група и она што го бара публиката. Го искористија бранот на инспирација и за првпат создадоа авторко дело, интересно е тоа што текстот за песната „Те сакам“ е напишан за само 5 минути. Групата „Свич“ на своите фанови им најавува и студиски албум.

 

 

– „Ние постоиме година ипол, свириме поп-рок, преработки на познати странски и македонски хитови. Значи, имаме и наша песна, денес е промоцијата на првиот наш аудио и видео запис на „Те сакам“, изјави гитаристот Александар Русески за локалната телевизија Канал 8.

– „Сите четворица сме од почетокот на групата, значи година ипол како постоиме, но со Александар свириме веќе од средна школа, повеќе од 10 години. Идејата беше на Александар, ние и порано свиревме заедно и така сега се собравме пак да свириме заедно, изјави Стојан Лазаров, басист.

 

Видео спотот е сниман на неколку локации во Кочани и околината. Членовите на групата „Свич“ планираат поширока негова презентација, како и излегување од локални рамки.

 

– „Музиката е наша, и текстот е наш, значи автори сме на самата песна. Учествувавме на Тик Так фестивалот во Кавадарци, таму освоивме трето место за аудио запис за наша авторска песна. Аудио записот го направивме кај Јордан Манов, додека видео записот го направи Миле Лефков“, изјави вокалистот Катерина Стојова.

– „Се подготвува албум, малку тоа тешко оди, но се надеваме дека во рок од една година дека ќе биде готов“, додаде тапанарот Зоран Цеков.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влезниците за концертот на Брајан Адамс пред распродавање!

Влезниците од категоријата ПАРТЕР за претстојниот концерт на Bryan Adams кој ќе се одржин1 13. …