Почетна / Забава / Балканика Бенд ја промовира новата песна и спот за „Бекрија“

Балканика Бенд ја промовира новата песна и спот за „Бекрија“

 

„Бекрија“ е новиот проект на познатиот прилепски бенд кој што деновиве и официјално го промовираше својот прв видео спот. Како што дознаваме, музиката, текстот и аранжманот се дело на Мендо Ташкоски, продуцент на истата е Рубин Димкоски, додека пак песната е снимена во музичкото студио “Р”, а за видео спотот да изгледа онака светски, а сепак наше беше задолжен Христијан Конески.

 

 

Од Балканика бенд за нашиот музички портал велат дека наскоро своите фанови и македонската публика ќе ги изненадат со уште една нова и интересна песна, сега засега тоа нека биде мало изненадување, а во меѓувреме додека го очекуваме новиот проект на оваа позната пелагониска група која што од од ден на ден се повеќе жари и пали низ Македонија, Ви предлагаме да го погледнете нивното првенче, нивниот прв и оргинално изработен спот за песната „Бекрија“.

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ристе Ристески беше гостин на концертите на Цетински во Сава Центар

На крајот на ноември, Тони Цетински приреди три последователни концерти во легендарниот Сава Центар во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!