Почетна / Забава / Александра Радовиќ на 6-ти април во „Македонска филхармонија”

Александра Радовиќ на 6-ти април во „Македонска филхармонија”

Маестралната Александра Радовиќ на 6-ти април доаѓа во Скопје, каде што ќе одржи ексклузивен концерт во незаменливиот амбиент на „Македонска филхармонија”.

Александра Радовиќ спомените од различните животни, емотивни, професионални успеси и порази ги претвора во песна. Никогаш иста, но секогаш емотивна до срж, иако можеби не изгледа така. Има карактеристична боја на гласот и интерпретација преку која потполно разбирате што чувствува. Од моментот кога се појави на музичката сцена, помина низ различни фази, но музиката секогаш беше нејзин печат и музика на искуство.

Покрај огромниот успех и 20 години долга кариера, таа и понатаму одбива да зборува за себе. Пред очите на јавноста пласираше само онолку колку што е потребно, а во нејзино име, богато зборува само нејзината музика. Тоа, сепак, не значи дека нема да открие како нејзината „кариера е утешна награда”, како нејзината ќерка е „оаза на спокојството и љубовта” и како „Бивши драги” е една од нејзините омилени автобиографски песни.

Себеси се опишува како човек со премногу маани, но и како уметник кој заедно со мал број на колеги и понатаму се бори за квалитетна поп музика, а денес, после 20 години успешна кариера, знае и најголемата болка да ја испее со насмевка, бидејќи успеа да се ослободи од стравот и знае дека создаде нешто што ќе остане. Во тоа е нејзината зрелост и искуство. Го оправда својот пат и не дозволува секој да влезе во нејзиниот свет, а кога ќе ги слушнете нејзините песни, ќе дознаете се за неа, треба само добро да слушате.

А внимантелно и со огромно задоволство ќе ги слушаме нејзините хитови на 6-ти април во „Македонска филхармонија”.

Нејзиниот сензибилитет и емотивните интерпретации ја направија една од уметниците чии изведби се музички настан кој не се пропушта. Покрај нејзините најголеми хитови „Чувам те”, „Бивши драги”, „Живео крај”, Александра ќе изведе и неколку нови песни, кои сигурно ќе го најдат своето место во вашите срца. Затоа, не пропуштајте овој пат да уживате во нејзиниот заносен глас и да се предадете на магијата на нејзините песни.

Влезниците за овој концерт ќе имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светскиот мјузикл од Бродвеј „Mamma Mia“ на 18 октомври во Скопје

На 18 октомври 2025 година, арената „Борис Трајковски“ ќе блесне во полн сјај, претворајќи се …

error: Содржината е заштитена!