Почетна / МК Сцена / Видео | Музичката и модна икона Каролина со песна од која запира здивот

Видео | Музичката и модна икона Каролина со песна од која запира здивот

Каролина повторно блесна. Супер брендот со нова, маестрална и емотивна песна, проследена со филмски видео запис.

Новиот проект на Каролина, песната ,,Mог живота дио” е наменета за регионалниот пазар, а позади песната песната стои Дино Мухаремовиќ (музика и текст), кој е автор и на последниот сингл на Каролина, ,,Дај на сунце”, додека аранжманот е на Дино Шукало, познат сараевски студиски музичар, аранжер и композитор и долгогодишен соработник на Каролина.

Песната е снимена во Сараево, во неговото студио Модра Риека, додека видео спотот е дело на Миомир Милиќ.
Стилист: Јована Зука
Облека: Јована Филиповиќ
Коса: Октај Сејди
Шминка: Дадар

Македонската и регионалната јавност со огромно воодушевување ја прифатија новата песна на поп ѕвездата. Глас без конкуренција, стајлинг за милион долари, енергија која скоро 35 години ја поставува Каролина на највисокото место на пиедесталот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Познати песни, нов звук: Јане Славов со кавери за месецот на жената

Откако неодамна го започна својот соло пат, Јане веќе ги подготви своите први кавери, кои …

error: Содржината е заштитена!