Почетна / Серии / „Titanic: Blood & Steel“ оваа сезона на Сител

„Titanic: Blood & Steel“ оваа сезона на Сител

По повод 100 годишнината од потонувањето на Титаник, снимен е уште еден телевизиски спектакл под наслов „Титаник: Крв и челик“. Со буџет од 30 милиони долари за 12 епизоди, оваа серија изобилува со
сцени кои ќе ви го одземат здивот.

 

За разлика од сите досега видени филмови и серии поврзани со најголемата бродска несреќа во историјата, оваа серија не се концентрира на моментот на потонување на Титаник, туку на моментот кога тој почнал да се гради. Ова е приказна за луѓето кои се одговорни за неговиот дизајн и градба. Гледачите ќе може да се запознаат со местото и времето каде е создаден Титаник. Иако дејствието се одвива во Белфаст, голем дел од сцените се снимени во Белград и Крагуевац.

Главните улоги ги играат: Kevin Zegers, Liam Cunningham, Alessandra Mastronardi, Derek Jacobi, Neve Campbell, а несомнено дека големо внимание ќе привлече и Chris Noth, познат по улогата на Ѕверката од серијата „Сексот и градот“.

 

 

 

 

| Официјален newsletter на Телевизија Сител

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доку серијал за животот на познатите светски ѕвезди на ТВ 24

Ова лето на ТВ 24 премиерно емитување на документарниот серијал “Биографии”. Занимливости од животот на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!