Почетна / Серии / Телма со реприза и на мини драмата за политичките игри за моќ

Телма со реприза и на мини драмата за политичките игри за моќ

Серијата од USA Network во 6 епизоди повторно на Телма

Провокативна драмска мини-серија која се занимава со заткулисниот живот на една елитна политичка династија. Што се крие зад сјајните  реклами и шарени билборди. На што се спремни политичарите за исполнување на своите политички амбиции. На крајот семејството секогаш е жртва на амбициите.

Добитничката на Оскар, Златен глобус, БАФТА и номинација за наградата ЕМИ, Сигурни Вивер ја глуми Елејн Бариш Хемонд, бивша прва дама и актуелна државна секретарка, која се обидува своето семејство да го одржи заедно, додека се бори со кризата која владее во Министерството за надворешни работи.

По две години се среќава повторно со сопругот, претседателот на САД, а мрачната семејна тајна дополнитлено ќе ја прогонува. Семејството или кариерата? Изборот е тежок, особено кога ќе мора да донесе тешка државна одлука во врска со кризата во Иран.

Серијата репризно на телевизија Телма од понеделник до петок во 17.20 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По толку емисии за бизнис и политика, сега и реално бизнис шоу на Телма

На 10 ноември ТВ Телма ќе започне да го емитува првото балканско реално шоу посветено …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!