Почетна / Забава / Skopje calling 2020 со нов датум – 12 септември на АРМ Стадион

Skopje calling 2020 со нов датум – 12 септември на АРМ Стадион

– Со голема надеж и оптимизам дека планетата Земја наскоро сепак ќе се врати во и со нормално темпо на живеење, сакаме да ве информираме дека поради актуелната состојба со корона вирусот, одлучивме да не ризикуваме и да не чекаме развој на состојбата, туку да го презакажеме фестивалот Skopje Calling за 12-ти септември (наместо на 05-ти јуни) на истата локација, стадионот на АРМ.

Иако состојбата на глобално ниво постојано се менува, сепак нашиот приоритет отсекогаш бил безбедноста на нашата публика, на артистите и на сите луѓе кои се инволвирани во реализација на фестивалот – известуваат од Авалон продукција.

VINI VICI, MAHMUT ORHAN, KIRIL DJAIKOVSKI и CYRILLIC го потврдија своето доаѓање на 12-ти септември во Скопје. Сите оние што досега имаат набавено билети за фестивалот Skopje Calling, истите ќе им бидат важечки и за новиот датум.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс Луна по повеќе од една деценија даде изјава за медиумите

Една од најубавите гласови во регионот, Маја Марковиќ (екс Луна) повеќе од една деценија се …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!