Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Се дружиме со светот на животните во „Пет за pet“ на Алфа

Се дружиме со светот на животните во „Пет за pet“ на Алфа

Веќе подолго време недостасуваше емисија во етерот од овој карактер. По кратка пауза на екраните од недела (13 октомври) старува новата сезона на “Пет за Pet”.

Пет за Пет содржи многу интересни и едукативни содржини со пет основни и повеќе под рубрики меѓу кои се:

  • Во рубриката Мојот миленик гледаме познати јавни личности со нивните миленици,
  • Рубриката ЗОО енциклопедија е рубрика во соработка со Скопската ЗОО, во која секоја емисија се претставува по едно животно од зоолошката градина.
  • Многу корисни информации и совети за домашните миленици се составен елемент од рубриката Пет Ветеринар
  • Секоја емисија емисијата ве запознава и со нова раса на куче во рубриката Пет педигре.
  • Посебно внимание ќе се посветува на здруженијата за заштита на животните со нивна ТВ промоција во рубриката Пет заштита.

Емисијата нуди и многу други содржини, како репортажи од Кинолошки и други Манифестации, наградни игри, рубрика за вдомување на бездомни миленици и уште многу други интересни содржини. Уредник на емисијата е познатиот афирмиран кинолошки одлгедувач, голем љубител на домашни миленици и активист за правата на животнисте кај нас – Стефан Кирков.
Водител на емисијата е Оливера Петрушевска – радиски водител. Емисијата ќе се емитува премиерно секоја недела во 10:00 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Запознајте ја традицијата на Јапонија преку документарците на Канал 5

Привлечноста на Кјото не лежи само во неговите светилишта и храмови или во елеганцијата на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!