Почетна / МК Сцена / „Please stay“ на Рената во топ 40 хитови во Полска

„Please stay“ на Рената во топ 40 хитови во Полска

 

Популарноста и слушаноста на песните на нашата Рената Кралевска со уште една потврда за својот квалитет и светски звук. „Unıverse medıa“ издаде компилација со најголемите 40 хитови за оваа зима во Полска, составена од домашни и странски песни. На компилацијата е и хитот на Рената „Please stay“.

 

 

Важноста на ова признание уште повеќе го потврдува фактот што двојното цд е направено од музичките уредници на Радио и Телевизија ЕСКА, најголемата музичка мрежа во Полска. Врз одлуката на уредниците помогнале топ листите на радио станиците во Полска, каде овие хитови биле на врвот подолго време во 2013. година. Оваа компилација е веќе во продавниците низ оваа земја.

Во меѓувреме Рената и нејзиниот тим работат на нејзиниот деби албум. Нејзиното „отсуство“ од македонската музичка сцена веќе некое време, од тимот го правдаат со обрвските и посветеноста што ги бара овој проект.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Величествениот супербренд ја продолжува турнејата низ Македонија

Продолжува турнејата на супер ѕвездата Каролина во градовите низ Македонија во организација на маестралната Авалон …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!