Почетна / МК Сцена / Познатите гледаат „Peaky blinders“, одат на Гета и се качуваат на Водно

Познатите гледаат „Peaky blinders“, одат на Гета и се качуваат на Водно

 

Што прават Весна, Каролина и Елена периодов?

 

 

Интересни фотографии прокружија низ социјалните мрежи, а поставени од страна на некои од јавните личности од Македонија. Имено, Весна Петрушевска и Каролина Гочева овој период биле “заразени” со британската крими драма “Жилетите од Бирмингем” (Peaky blinders), па не изостанаа тоа да го објават на Инстаграм и Фејсбук.

Покрај гледањето на иста серија, Каролина и Бејби сакаат да се забавуваат и на иста музика, па така минатата недела заедно присуствуваа на спектакуларниот настап на Дејвид Гета на Стадион.

 

 

Каролина овој период сними реклами за Синалко, а на 15-ти јули во Прилеп настапува на Пиво Фест, каде пред публиката ќе се претстави со својот бенд со песни од проектот „Македонско девојче“. Освен журки и гледање серии, таа води и здрав живот. За тоа сведочи најновата фотографија која ја направи на падините на Водно, каде друштво и прави една од најдобрите нејзини пријателки, Елена Ристеска.

 

 

Елена, како што и самата изјави, решена е летово да се стави во “топ форма” и затоа ќе се посвети на тенисот и пешачењето. Овој период е актуелна со нејзината најнова балада “Немаш право ти да ми судиш” која ги освојува срцата на сите вљубени и сите разделени.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!