Почетна / Забава / Концерт | Марионка 20 години подоцна

Концерт | Марионка 20 години подоцна

 

Пред точно 20 години Васил Гарванлиев на фестивалот „Златно славејче“ се претстави со песната Марионка. Ова е една од многуте македонските детски песнички коишто засекогаш ќе останат во нашите сеќавања, песни со кои ги враќаме убавите спомени.

 

 

Годините минуваа, Васил порасна и се претвори во прекрасен и квалитетен оперски пејач, а Мар остана да сведочи за неговите слатки почетоци во Македонија. Васил Гарванлиев сега е повторно во својата Струмица и со гордост ви го најавува својот прв концерт во Македонија.

 

Имено, тој сака со своите Македонци да го сподели сето она што му се има случено од ’93 година па се до денес. Неговиот прв класичен соло концерт ќе се случи во Струмица, Дом на Култура – Антон Панов (голема сала) на 27.09 во петок во 20 часот. Влезот е слободен за сите оние што сакаат да го проследат настанот.

 

 

 | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Gabby G ги отпеа „Македонско девојче“ и песна на Тоше

Една љубов преку границите на Македонија и Бугарија. Најдоброто од двете држави за сите генерации, …