Почетна / Сапуници / Која е свекрвата од Сителовата драма за „Девојката од прозорецот” ?

Која е свекрвата од Сителовата драма за „Девојката од прозорецот” ?

Ова е Гулџихан, свекрвата на Девојката со која се дружиме од понеделник до петок навечер на телевизија Сител. Таа е сопруга на богатиот и доминантен Рафет Короглу, која секогаш се чувствува виновна ако нешто не му се допадне на господинот Рафет.

За неа, најголемо богатство е синот Седат и токму бракот на Седат со Девојката како за сите, така и за госпоѓата Ѓулџихан ќе донесе пресврт, неверување  во сето она што допрва ќе го следат гледачите на Сител  и потреба да се реши проблемот, кој ќе стане тежок и трауматичен за нашата хероина, за Девојката од прозорецот.

Деврим Јакут е 56 годишната турска актерка која го толкува ликот на добрата свекрва, која досега сме ја следеле во епизодни улоги во “Украдено минато” (Сител) и “Потрага за правда” (Клан Македонија).

Дипломирала на театарскиот оддел DTCF на Универзитетот во Анкара во 1992 година. Прво студирала теорија на театарот, а потоа глумела на Театарскиот оддел на ДТЦФ и станала дел од државниот театар во Адана во 1994 година, каде работела до 2003 година.

Од 2005 година предава курсеви за основна глума на театарскиот оддел на Универзитетот во Анкара каде станала и заменик-директор на Државниот театар во Анкара во 2007 година и директор на Државниот театар во Анкара помеѓу 2007 и 2008 година. Во театарската сезона 2006-2007 година, таа учествуваше во театарот Ајса продукција како гостин актер со претставата Жената што го готви својот сопруг.

Извесен период држела часови по глума на магистерската програма на Универзитетот Бахчешехир и на Академијата Дас Дас, а од Државните театри се пензионирала во 2016 година.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжуваат „Трите сестри“ – вашата омилена серија само на Сител

На ваше задоволство, продолжува омилената серија за трите сестри. Срдечна и топла приказна за Туркан, …

error: Содржината е заштитена!