Почетна / Забава / Дознајте како да набавите карта за John Newman за само 500 денари

Дознајте како да набавите карта за John Newman за само 500 денари

 

Бидејќи месец јуни е навистина историски најбогат со сериозни светски концерти во Македонија, Купи Карти За Се во соработка со Авалон Продукција, реши да направи акција со која ќе се потруди да им овозможи на сите оние што сакаат да бидат присутни на двата концерта што следат (Enrique Iglesias и John Newman), и да можат да си го дозволат тоа.

 

Бидејќи концертот на Enrique Iglesias, закажан за 20-ти јуни е пред целосно распродавање, одлучивме дека од утре секој што има билет за Enrique Iglesias, може да оди на истото продажно место каде што го купил и да си добие влезница за концертот на John Newman кој е утредента после концертот на Enrique, со 50 % попуст.

 

Да појасниме. Доколку сте купиле влезница за Enrique Iglesias, и сте платиле 1500, 1990, 2600 или 3100 денари (во зависност од категоријата), со доплата од 500 денари, можете да добиете карта за John Newman за партер, или за доплата од 700 ден, можете да добиете карта за фан пит или трибини!

Бидејќи и продажбата за концертот на John Newman оди многу солидно, оваа акција е ограничена и важи само за првите 3000 луѓе коишто имаат купено карти за концертот на Enrique. Билетите можете да ги побарате на сите продажни места на Купи Карти За Се низ Македонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт „Поврзување” во Филхармонија под диригенство на Чадловска

„Поврзување” е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14 март …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!