Почетна / Живот / ИНРЕКОМ сублимат на извештајот од ЕК за напредокот на Македонија

ИНРЕКОМ сублимат на извештајот од ЕК за напредокот на Македонија

Институтот за развој на електронски комуникации четврта година по ред, објавува краток осврт за Поглавјето 10, како и за деловите што се однесуваат на медиумите, информатичкото општество и дигиталната трансформација, во однос на Извештајот од Европската комисија за напредокот на Македонија за почетокот на преговори за членство во Европската Унија.

Европската комисија смета дека Македонија е умерено подготвена или подобро кажано има ограничен напредок во сферата на медиумите и информатичкото општество. ИНРЕКОМ смета дека и овој извештај дава реална слика, како и во минатото, а во однос на медиумската сфера и дигитализацијата на македонското општество.

Комисијата ја оцени Македонија како умерено подготвена во областа на дигиталната трансформација, давајќи голем број препораки што треба да бидат усвоени во македонското законодавство. Дополнително, Комисијата дава јасни насоки за подобрување на регулаторните тела, медиумите, како и дигитализацијата на државните институции.

Извештајот е достапен на следниот линк: https://inrekom.org.mk/izveshtaj_eu_2022/

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавена книгата „Кој е главен денес“ од Наташа Конц Лоренцути

Во издание на „Бата прес“ излезе од печат книгата за деца и млади „Кој e …

error: Содржината е заштитена!