Почетна / Филм / Хофман, Фримен и Доналд Сатерленд во вторничкиот трилер на МРТ 1

Хофман, Фримен и Доналд Сатерленд во вторничкиот трилер на МРТ 1

Експертот за заразни болести Сем Даниелс доаѓа во едно африканско село каде владее смртоносен вирус и треба да ги спречи катастрофалните последици врз населението. Тој открива дека вирусот, наречен мутаба, убива во рок од 24 часа, и ги разорува внатрешните органи.

Наскоро се дознава дека и војската е вмешана во постоењето на вирусот, што на епидемиолозите додатно им ја отежнува работата, каде што секоја минута им е драгоцена. Откако вирусот мутира, единствен начин да се спречи оваа катастрофа е да се пронајде изворот на заразата, а тоа е африканскиот мајмун, кој е на слобода.

Извонреден акциски трилер од 1995. година на режисерот Волганг Питерсон, со ветераните на филмското платно Дастин Хофман, Морган Фримен, Доналд Сатерленд, Рене Русо, Патрик Демпси. Вторник, 27 септември во 23 часот на МРТ 1.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Саботна филмска ноќ на Телма со скандинавска воена драма

📅 сабота, 3 декември, Телма ⏰ 22:15 – Изборот на кралот Филмот е снимен во …

error: Содржината е заштитена!