Почетна / Спорт / Фудбалска еуфорија со УЕФА ЕУРО 2024 директно на МРТ 1

Фудбалска еуфорија со УЕФА ЕУРО 2024 директно на МРТ 1

Во тек е едномесечна фудбалска еуфорија – Германија УЕФА ЕУРО 2024. Сите натпревари од шампионатот директно ги следиме на јавниот сервис.

Домаќинот Германија против Шкотска во рамки на групата А го отвори Европското фудбалско првенство. Италија е актуелен бранител на европскиот престол од 2021 година.

Турнирот го сочинуваат 24 репрезентации поделени во шест групи од по четири, кои ќе се борат за престижниот европски пехар. Ова 17-то издание на Европското првенство се очекува да биде и најквалитетно и највозбудливо за навивачите. Германија е фудбалска нација, која многу пати низ историјата била домаќин на големи турнири, па и овој пат се очекува организацијата да биде на најголемо ниво.

Според УЕФА, пристигнале дури 50 милиони барања за билети за натпреварите од турнирот, но на располагање за јавноста на продажба беа ставени 2,3 милиони билети.

На ова Европско првенство тешко се предвидува кој е најголем фаворит, бидејќи неколку репрезентации отскокнуваат со квалитетот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дуња Иванова меѓу најдобрите 60 на светот во МТБ маратон

Македонската велосипедистка Дуња Иванова, членка на клубот ВК Енерџи, продолжува да реди успеси на меѓународната …

error: Содржината е заштитена!