Почетна / Вебновела / Црвена месечина 97

Црвена месечина 97

 

 

Деведесет и седмо продолжение од вебновелата “Црвена месечина”


 

Беше пладне, а сонцето веќе беше високо на небото кога Алехандро се најде со својот автомобил на пат кон Мексико Сити. Со него беше и Дијана, која инсистираше да го придружува.
– Навситина не треба да се откажеш од наследството, – му рече таа.
– Секако дека треба. Како што и кажав на Марија Клара. Таа земја не е моја. Утрово, пред да тргнеме на пат зборував со мојот менаџер. Никој не е известен за она што ми се случуваше на Островот. Сите мислат дека сум на подолг одмор.
– И му кажа што точно ти се случуваше?
– Секако.
– И што ти рече?
– Се изненади. Само ми кажа дека ме барале во куќата каде што живеев во Гвадалахара.
– Тоа е навистина чудно. Барем твојот менаџер требало да знае за твојата наводна смрт.

За време на ручекот во хотелот, Лоренсо ја извести Лусија дека Висента ги фрлила розите кои Артемио ги испрати за својата ќерка.
– Значи Матилде не знае дека татко и и испратил рози?, – праша Лусија.
– Ти велам, Висента ја искина картичката и ги фрли цвеќињата.
– Подобро да не му кажувам ништо на Артемио, бидејки ќе биде бесен како рис, а не сакам да го разгневнам пред неговото заминување во Мексико Сити.
– Што ќе прави таму?
– Има состанок со дон Рубен. Навистина не разбирам од каде тој интерес, одеднаш, за неговата ќерка.
– Самотија е најлош непријател на човекот, Лусија. Сигурно почуствувал дека му течат годините и решил да си најде наследник. Сигурно тоа те разбснува тебе, Ана Вирхинија и Естер кој сте му практично десни раце. Сигурно верувавте дека некоја од вас ќе го населди.
– Јас? Никогаш не ми дошла таква идеја, – негираше Лусија.
– Не лажи, Лусија. Секако дека си се понадевала дека барем некогаш ќе можеш да уживаш во се што поседува дон Артемио. По толку години верно служење, тоа е логично. Патем, јас отсекогаш сум верувал дека си вљубена во него. Навистина. Бидејки го познаваш од мала, сигурно чуствуваш нешто повеќе за него од шефовска почит.
– Не биди прост. Артемио беше пријател со мојот татко.
– Да, како можам да заборавам. По смртта на татко ти, Артемио наследи се што тој имаше. Поточно, се што татко ти загуби на покер.
Ваквите сеќавања ја вознемирија Лусија. Како можеше да зборави дека Артемио Сантибањез ја доби нејзината семејна куќа и татковиот бизнис, откако татко и загуби се на покер и почина на истата маса за покер?!

Марија Клара го помина претпладнето во својата соба, прашувајки се што ќе биде со нејзиниот живот сега откога Алехандро ја напушти. Дали ќе и се врати како што и вети или ќе биде осудена на уште долги години самотија, како што беше пред да го сретне?! Во размислувањата ја прекина Магнолија, која влезе во собата, со предлог да прошетаат до селото.
– Немам желба, – кратко одговори младата жена.
– Ваква си поради Алехандро?
– Да, – призна и повеќе не можеше да ги додржи солзите. – Се плашам дека никогаш повеќе нема да го видам. Дека ќе го вратат назад на островот.
– Не верувам, ќе видиш дека ќе ти се врати поскоро одошто мислиш.
– Зошто мислиш така, Магнолија?
– Имам такво претчуство. А мене претчуствата никогаш не ме лажат.

Додека го подготвуваа ручекот во кујната, Пас и Алтаграсија ја известија Маргарита за заминувањето на Алехандро.
– Заминал, засекогаш?, – шокирано праша девојката.
– Алтаграсија рече дека си ги спакувал сите работи, зар не, Алтаграсија?
– Госпоѓата не е излезена цел ден од собата, само плаче, – рече старата слугинка.
– Не можам да поверувам.
– Каде е Фабијан?, – праша Клеменсија кога влезе во кујната и ги затекна трите жени како озборуваат.
– Замина во селото со вујко ми, – одговори Маргарита.
– Гледам дека гостинската соба е празна. Замина натрапникот?, – праша Клеменсија, алудирајки на Алехандро.
– Уште рано утрово, – потврди Алтаграсија. – Спакува се што имаше и замина со новиот автомобил.
– Само да не не замеша нас во неговото сведочење, – се молеше старицата. – Не сакам да замислам каков скандал ќе избие.
– Каков скандал?, – праша Алтаграсија.
– Скандал кога сите ќе дознаат дека мојата снаа Вероника не била мртва и дека побегнала од мојот внук Ригоберто заедно со својата ќерка Фернанда.

По сознанието дека Алехандро заминал, Клеменсија ја посети Марија Клара, која сеуште разговараше со Магнолија во собата.
– Зарем не сакше да замине и да се предаде?! Епа, го стори тоа и затоа сега немој да се жалиш за тоа што може да се случи, – Марија Клара дрско и одговори на својата тетка.
– Сакав да замине, но не да остави белег на нашата фамилија. Можеше барем да се поздрави а не да замине како крадец во мугри. Сигурна сум дека ќе ја обесчести нашата фамилија. Неранимајко. Чекај само да дојдат новинарите и да почнат да поставуваат прашања за твојата сестра, твојот дедо, твојата мајка…Може ќе им каже дека имал и афера со тебе.
– Тетко, те молам не и зборувај така, – се замеша Магнолија. – Не гледаш дека страда, кутрата?!
– Алехандро никогаш не би ме повредил, – јасно изјави Марија Клара.
– Никогаш? Зарем не те повреди до сега?
– Не. Се што добив од него беше бенигно. Дури ми помогна да се изборам со фригидноста која Фабијан велеше дека ја имам.

Во меѓувреме, по телефон, Маргарита ја извести својата пријателка Матилде дека Алехандро заминал од хациендата.
– Заминал? Кога? Каде? Во која станица отишол? Прашај и кажи ми.
Кога го заврши разговорот со својата пријателка, Матилде се врати во кујната и ја извести својата мајка.
– Ако решил да го стори тоа значи дека е виновен. Добро знаеш дека мене никогаш не ми се допаѓаше тој човек.
– Алехандро не е виновен.
– Како можеш да бидеш толку сигурна, ќерко?
– Зошто не разбереш? Алехандро сигурно решил да се предаде за да ги расчисти нештата. За да докаже дека дон Фабијан и Артемио Сантибањез ја убиле неговата сопруга во Порто Рико.
Зад вратата стоеше Лоренсо и внимателно го преслушкуваше разговорот.

Мексико Сити

По скоро целодневно возење, Алехандро пристигна во главниот град и се упати кон првата полициска станица.
– Не биди тврдоглав, сакам да дојдам со тебе, – инсистираше Дијана.
– Не, подобро да одам сам. Не сакам да те вмешувам и тебе во ова. Подобро оди и најде хотел, а потоа јави му се на мојот менаџер да го прашаш во која банка ми префрлил пари, бидејки вети дека ќе ми плати сума за последниот филм кој го снимав.
– А што ако решат да те уапсат одма и да те одведат во затвор?
– Не грижи се, ако ме одведат во затвор ќе ми дадат право на телефонски повик и ќе те побарам тебе.
– Не сум сигурна дека ова е најдобра одлука.
– Јас сум сигурен дека е, – одлучно рече тој.
– Што и да се случи јас ќе бидам крај тебе, – додаде таа, гледајки го со солзи во очите.
Во еден елитен ресторан во главниот град, Артемио ручаше со својот соработник Рубен, пред кого го сподели планот за елиминација на Фабијан Монтеро.
– Се е поради негова вина. Можеме да го наместиме дека тој ја платил Ана Вирхинија да глуми жртва на Островот за да го сместат Молина зад решетки. Но, секако, потребно ми е твое одобрение.
– Колку и да е кукавица и плашлив, Фабијан Монтеро знае многу и може да го пушти јазикот.
– Фабијан не ми може ништо, јас знам да се чувам. Во случај да дојдам на работ, можам да побегнам од земјава на одредено време.
– Не, подобро да се ослободиш од него.
– А, Естер?
– Зборувај со неа. Таа е интелигентна жена и ќе знае дека Фабијан е пречка која мора да се еилиминира.
Разговорот беше прекинат кога заѕвоне мобилниот телефон на Артемио. Беше Лусија.
– Прости ми што те прекинувам, Артемио, но итно е. Лоренсо дознал дека Алехандро Молина веќе се предал во полиција. Слушнал кога Матилде и кажувала на Висента. Лоренсо вели дека Молина ќе те обвини тебе и Фабијан Монтеро за смртта на Лорена и за наместеното убиство на Островот.
– Во ред. Ќе ти се јавам подоцна, – кратко рече Артемио и го прекина разговорот. Не сакаше да разговара на таа тема пред дон Рубен.

Марија Клара седеше на тремот на хациендата и гледаше на празно. Поминаа повеќе од дваесет и четири часа како што беше лишана од прегратките на љубениот, лишана од неговите љубовни изјави и допири. Сакаше засекогаш да го сочува неговиот последен бакнеж, врежан на своите усни, но се плашеше дека времето ќе го направи своето. Дека полека ќе заборави како мирисаше неговата кожа, каков беше вкусот на неговите усни…Се плашеше дека никогаш повеќе нема да го види. До неа пријде Фабијан, како сенка зад неа.
– Мораш да јадеш нешто, Марија Клара. Не можеш да продолжиш вака. Тетка ти вели дека не си јадела ништо откако заминал тој човек. Кога сме кај него, има ли новости?
– Не. Фабијан, подигна ли бракоразводна парница како што ми вети?
– Тоа може да почека, – одговори тој и замина кон својот автомобил.
Марија Клара повторно остана сама, но не за догло, бидејки веднаш откако замина Фабијан, такси возило затана пред хациендата и од него слезе Карлос. Кога Марија Клара го здогледа, потрча кон него со надеж дека и носи новости за Алехандро.

Епигменио уживаше во високата резолуција на новиот телевизор, додека Пас му зборуваше за новонастанатата ситуација во куќата.
– Затоа дон Фабијан е толку загрижен, бидејки се плаши дека Молина може да го наклевети.
– За што да го наклевети?, – праша Епигменио, посегнувајки по пивото.
– Алехандро Молина смета дека дон Фабијан е замешан во смртта на неговата сопруга, смртта на госпоѓа Фернанда.
– И кој ти го кажа тоа?
– Маргарита. И кажала Матилде.
– И зошто би ја убил дон Фабијан? За неговата сопруга да остане со делот кој и припаѓа на нејзината сестра?!
– Секако, зошто друго.
– А зарем Молина не беше обвинет дека убил некоја жена?
– Молина тврди дека тоа било стапица која му ја наместил дон Фабијан.
– Каде е Маргарита, патем?, – праша Епигменио.
– По работа замина кај Матилде. Морам да се вратам во кујната, треба да ја почнам вечерата, – додаде Пас и набрзина ја напушти просторијата.
Епигменио остана замислен.

Кога Естер се врати од хотелот, го забележа автомобилот на Фабијан паркиран на паркингот, но не очекуваше дека ќе го затекне во компромитирачка положба. Кога влезе во собата, го наиде во интимна положба со Маргарита, додека нивните алишта беа расфрлани по целата куќа.

Продолжува…

 

 

 

LucasScott | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …