Почетна / МК Сцена / Музичкиот состав „Фидбек Бенд“ подготвува нови песни

Музичкиот состав „Фидбек Бенд“ подготвува нови песни

Музичкиот состав „Фидбек Бенд“ неодамна го промовираше својот најнов видеозапис за третата по ред студиска песна насловена како „Влези во мојот живот“, а деновиве активно подготвуваат нов материјал.

Во новиот материјал има преработка на македонски народни песни, но и регионални хитови. Целиот материјал се снима во живо.

Музичкиот состав „Фидбек бенд“ е составен од 5 музичари во комплетен вокално-инструментален состав и тоа: Јане Славов (вокал), Игор Гудески (тапани), Томислав Димовски (соло гитара), Бобан Клењоски (клавијатура и вокал) и Стефан Петрушев (бас гитара).

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Химна на секој родител: Нова балада на Стефан Величковски

Химна на секој родител! Зборови кои секој се вртат во главата на секој родител од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!