Почетна / Вебновела / ВРЕЛА СТРАСТ, #052 | ARDIENTE PASIÓN

ВРЕЛА СТРАСТ, #052 | ARDIENTE PASIÓN

52-ро продолжение


Колку и да знаеше како да љуби, Магдалена не можеше да ја прегази својата гордост и изрипа од прегратките на дон Вадо.

–          Нема туку така да заминеш! Враќај се, – и довикна бесно, немоќен од својата инвалидска количка, која ја користеше по операцијата.

–          Никогаш! Никогаш повеќе нема да дозволам да ме допреш Вадо. Се колнам во нашата Богородица од Кармен!

–          Врати се назад, или, – и нареди Вадо, извлекувајки го пиштолот од фиоката, вперувајки го во неа.

–          Така ли ги освојуваш жените, Вадо? Вперувајки им пиштол?, – го праша смело.

–          Сеуште ме љубиш, Магдалена! Трепереше во моите прегратки. Твоите зборови велат едно а твоето тело друго. Не заборавај дека јас ти ја зедов невиноста кога едвај имаше шеснаесет години. Уште првиот пат кога се препушти на моите милувања и допири, знаев дека ќе сакаш уште. Никогаш не ти беше доста, курво! Залудно глумиш побожна сега, залудно се правиш нешто што не си. Секогаш ќе бидеш курва! Јас те направив таква!

Душата на Магдалена плачеше слушајки како Вадо сипа сол по отворена рана.

–          Твоите зборови не медопираат, Вадо, како ништо друго од тебе. Убиј ме! Убиј ме и за кратко ќе видиш како ти пропаѓа твоето царство.

–          Не ми се заканувај, курво! Никогаш нема да ги допиеш тие пари кои ги бараш! Како што никогаш нема да можеш да се ослободиш од мене, од мојата сенка! Почувствуваш како трепериш во моите раце. Еден ден самата ќе ми се вратиш, самата ќе посакаш да бидеш моја.

Вадо не ни можеше да претпостави колку е во право. Магдалена се чувствуваше валкано и понижено. Не можеше да разбере зошто нејзиното тело реагира против нејзиниот ум. Кога ја нашушти вилата, посака да умре. Тој човек беше нејзината казна. Постојано и го рушеше она што со години го градеше. Од неа направи курва, си поигра со нејзините сни и љубов, а сега повторно сакаше да ја има на сила. Мораше да ги откорне корените кој тој човек ги засади во нејзиниот живот, да се натера себеси да го заборави.

 

 

Капричо се чувствуваше како на седмо небо таа вечер, кога Саломон со својот автомобил дојде по неа пред пансионот и ја одведе во елитен ресторан, каде што јадеа храна која чинеше мало богатвство. По вечерата ја одведе на танц каде што танцуваа со споени тела во поголемиот дел од ноќта. Во еден момент, додека нивните тела се движеа во ритамот на песната на Марк Ентони, нивните усни се споија во едно.

 

 

            Откако слушна дека Магдалена се вратила, Кристела истрча од својата соба во пансионот. Ја затвори вратата од собата со цел Магдалена да не види дека повторно го примила Лучо. Иако знаеше дека кога ќе огрее сонцто, Лучо ќе ја остави како да не било ништо меѓу нив, Кристела не можеше да се бори против своите чувства.

Таа ноќ, Магдалена не можеше да заспие.

–          Кристела, дојди и седни до мене, – ја замоли девојката кога седна на каучот во дневната просторија.

–          Што се случило, Магдалена? Зошто плачеш?

–          Поради животот, Кристела. За малку ќе ја направев најголемата грешка како жена.

 

 

По завршеното работно време, рударите се упатија кон локалниот бар на пиво. Тристан иснсистираше и новиот рудар да дојде со нив. Ненаучена да пие, Јулиса испи две пива и  одвај стоеше на нозе кога ноќта дојдоа во домот на Саграрио, која ги чекаше будна пред тлевизорот.

–          Што се случило, синко?, – праша загрижено гледајки како Диего се тетерави потпрен на рамото на Тристан.

–          Диего се напи две пива. Очигледно не е научен да пие. Подготви му ја бањата, мајко. Нека се истушира со млака вода.

–          Дозволи ми да ти помогнам, синко, – Саграрио почна да му ги соблекува алиштата, кога Диего се отргна од неа.

–          Не! Можам сама! Пуштете ме!

–          Што ти е синко? Само сакав да ти помогнам да се слечеш.

–          Можам и самата…самиот…Благодарам доња Саграрио.

Јулиса се упати кон бањата. Откако ја заклучи вратата, длабоко се издиша и ја пушти водата од тушот да тече. Се чувствуваше преморено по првиот работен ден во рудникот. А згора на се, рударите инсистираа да им се придружи на пиво. Пријде до огледалото, ги извади очилата па ги одлепи брковите. Ја извади машката перика и ја пушти косата од шнолите. Полека ја соблече кошулата и панталоните, откивајки го своето женско тело. Се потпре на умивалникот, гледајки се во огледалото.

–          Богородице од Кармен, дај ми сила да го издржам ова. Ај, мамо, само да знаеш колку му недостасуваш. Кога би можела да ти кажам каква лудост правам без да знаеш. Но, ова мора да остане тајна до крајот.

Ја слече и длната облека и влезе пд тушот, чувстувајки како млаката вода и ја лади косата и кожата.

–          Што да правам со тебе, Тристан, сега кога си ми толку близу?, – не можеше а да не се запраша. – Сега кога знам дека искрено ме љубиш, сакам да те прегрнам, да те бакнам, да ти кажам што чувствувам.

 

 

Откако Магдалена заспа, Кристела се врати во својата соба каде што ја чекаше Лучо.

–          Ако Магдалена дознае дека кријам маж во нејзината куќа, и двајцата ќе не исфрли од пансионот.

–          Не ми вели дека се каеш поради тоа што ме прими?, – заводливо ја праша Лучо, повлекувајки ја кон себе со своите цврсти раце.

–          Ова е последен пат, Лучо. Или ќе се гледаме јавно, онака како што доликува, или нема да се гледаме воопшто.

–          Повторно за тоа, Кристела?

–          Да, повторно, Лучо. Не ми е јасно зошто мораме да ја криеме нашата љубов зад ѕидини. Што е проблемот што не можеш јавно да кажеш дека ме љубиш? Зошто не можеме јавно да се држиме за раце како и секој пар кој се сака?

–          Знаеш дека не зборувам за тоа. Прифати ме онаков каков што сум, или не ме прифаќај воопшто.

 

 

Доцна во ноќта, Дамијана го чекаше Ектор да се врати од работа. Сакаше да го потсети на сите убави моменти кои со години ги минуваа заедно. Седеше во полумрак, под светлината на столната ламба, пиеше мартини кога слушна како Ектор ја отвара влезната врата.

–          Дамијана, што бараш овде, будна?

–          Те чекав, – му одговори кокетно.

–          Треба да зборуваме за нешто?, – ја праша.

–          Треба да направиме многу нешта но не и да зборуваме, – додаде таа, му пријде, ставајки ги своите раце околу неговиот врат и страсно ги спушти своите усни врз неговите.

–          Каква е оваа игра, Дамијана?, – ја праша меѓу бакнежи.

–          Не е никаква игра. Ми неодстасува твоето тело, твоите бакнежи и допири. Сакам да бидам твоја, Ектор. Твоја како некогаш.

Ектор не можеше да одолее на искушението кое му се нудеше. Нежно ја повлече за половината и ја понесе кон својата соба.

Ниту еден од нив не претпостави дека Мистика будно ги следи. Откако влегоа в собата, Мистика влезе во собата на дон Вадо кој сеуште беше буден. Седејки во количката покрај прозорецот мислеше на Магдалена, кога влезе домарката.

–          Што сакаш, Мистика?

–          Не требаше да ја вратите вашата внука во вилата, господине.

–          Што зборуваш?

–          Госпоѓица Дамијана и господин Ектор се заедно, како порано. Таа го чекаше да се врати од работа и сега се заедно.

–          Оди побарај ја Ребека и кажи и веднаш да дојде во мојата соба! Веднаш!

 

Ребека се подготвуваше за спиење, кога Мистика затропа на вратата од нејзината соба, навестувајки и дека Вадо ја бара. Доцниот повик од нејзиниот брат не беше добар знак.

–          Каде е ќерка ти?, – загрме гласот на дон Вадо кога влезе во неговата соба.

–          Не знам. Речиси цел ден не излогов од мојата соба, ме болеше главата. Што се случува, Вадо?

–          Ти беше тука кога твојата ќерка на колена бараше прошка од мене?, – ја праша очигледно очекувајки потврден одговор. – Твојата ќерка нема лице. Повторно му се додворува на Ектор!

–          Тоа не е вистина, – негираше Ребека. – Дамијана и Ектор се само пријатели.

–          Тогаш оди во собата на Ектор и ќе видиш колку се пријатели!, – и нареди дон Вадо.

Не можејки да верува дека нејзината ќерка го става животот на коцка поради Ектор, кршејки ги прстите, Ребека потрча низ ходникот и ја турна вратата од собата на Ектор.

–          Станувај, Дамијана!, – за прв пат во животот, Ребека одлучно и нареди на својата ќерка кога ја затекна во постелата на Ектор.

–          Мамо!

–          Госпоѓо Ребека…

–          Доста! Собери си ги своите алишта и излегувај од собата!

–          Госпоѓо Ребека, ќе ја разбудите цела вила, нема потреба од врева, – Ектор се обиде да ја смири сиуацијата.

–          Од што се плашиш? Дека ќе дознае Вадо? Вадо веќе знае!, – на работ со нервите извика Ребека, собирајки ги алиштата на својата ќерка од подот. – Што си мислеше, Дамијана? Дека ќе те ожени? Дека те сака? Не гледаш ли дека само те користи? Те користи и секогаш те користел за да му ги лиже нозете на Вадо!

–          Не, овде сум бидејки јас сакав да бидам, мамо.

–          Не го брани! Имај малку почит кон себе и излегувај одовде!

Откако Дамијана се облече, Ребека за рака ја изнесе од собата.

–          Ја загуби честа, Дамијана, а да не зборувам дека Вадо никогаш повеќе нема да ти верува! Се однесуваш како курва. Од една страна му ветуваш на вујко ти дека ќе останеш бремена од Тристан, а од друга се плеткаш со Ектор.

–          Тоа беше и мојата цел! Зарем не сфаќаш дека ова го правам со план? Тристан никогаш нема да биде мој! Од друга страна, го држам ктор во рака. Ќе останам бремена од него а вујко ќе мисли дека детето е на Тристан!

 

 

Кристела чувствуваше дека однесувањето на Лучо е поврзано со неговото минато и времето кое го минал во морнарица. Одлучи да го исконтактира Ефраин, пријателот на Лучо кој веруваше дека може да и помогне, да и одговори на неодговорените прашања.

–          Здраво Ефраин, – го поздави срдечно таа вечер во кафетеријата, каде што побара да се видат.

–          Кристела, искрено ме изненади твојот повик да се видиме.

–          Те побарав да зборуваме за Лучо. Сакам да му помогнм, и сакам да ми кажеш што точно се случило со него додека бил во морнарица. Верувам дека таму се крие причината поради тоа што има проблем да се ексонира во јавност.

–          Прости ми, но не можам да ти помогнам, Кристела.

–          Те молам, разбери ме и кажи ми ја вистината. Го љубам Лучо како никој пред него. Мојата најголема среќа би била кога би можела да му помогнам

Слушајки ја, Ефраин само тажно замавна со главата.

–          Таа вистина, за жал не може да излезе од моја уста, Кристела. Би бил мртов човек доколку би ја кажал вистината за Лучо.

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

error: Содржината е заштитена!