„Вечер по 8 со Миро“, со водителот Мирослав Кацаров, се врати на телевизија Алфа со својата нова сезона.

Новите изданија се емитуваат секоја сабота од 20 часот, носејќи интересни гости, музика, разговори и многу забава.

Емисијата доби ново телевизиско студио, а за добрата атмосфера и музичкиот дел е задолжен „Либеро бенд“.

Покрај Миро, дел од емисијата е и соводителката Ангела, која дополнително ја збогатува атмосферата и комуникацијата со гостите.

И во новата сезона, „Вечер по 8 со Миро“ продолжува со својот препознатлив концепт – опуштени разговори, интересни приказни, музички настапи и забавни моменти со познати личности од домашната јавна сцена.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
