Почетна / Серии / Повторно репризи на Телма – италијанска серија пак на програмата

Повторно репризи на Телма – италијанска серија пак на програмата

Италијанска криминалистичка мини-серија од 2022 година, режирана од Ќиро Виско, со главни улоги на Викторија Пучини, Алесандро Роја и Сара Фелбербаум.

Главната протагонистка, Елена Зонин (Викторија Пучини), е заменик-комесарка во Рим, специјализирана за сајбер-криминал и случаи на исчезнати деца. Кога телото на младо момче е пронајдено во лагуната на Венеција, Елена се враќа во својот роден град по дваесет години отсутност, убедена дека случајот е поврзан со истрагата што ја води веќе долго време.

Во Венеција, таа се среќава со Данјеле Вианело (Алесандро Роја), нејзината прва љубов, сега заменик-комесар, и неговата сопруга Џулија (Сара Фелбербаум), која некогаш била најдобра пријателка на Елена. Заедно, тие откриваат мрежа на трговија со деца преку dark web, што ги води до влијателни и неочекувани личности.

Репризно на Телма во 23.30 часот – италијанска возбудлива трилер серија што ги истражува темите на технолошкиот криминал, трговијата со деца и личните конфликти, поставен во мистичната атмосфера на Венеција.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По четврти пат истата серија – „Бистра вода“ повторно на Алфа

Наместо нови содржини во ударниот неделен термин, телевизија Алфа повторно се одлучи за емитувана ТВ …

error: Содржината е заштитена!