Почетна / Забава / „На терапија со Атанас“ ги носи Син на мајка и 1Човек во десет градови

„На терапија со Атанас“ ги носи Син на мајка и 1Човек во десет градови

Од 15 октомври започна „а терапија со Атанас, хумористично шоу кое ќе го донесе секојдневието на сцената, без цензура, без задршка и со многу смеење.

Македонија има дијагноза, а терапијата започнува овој четврток! На 15 октомври, од Кавадарци, стартува големата македонска стендап-турнеја „На терапија со Атанас“, која ќе ги обедини Син на мајка и 1Човек, заедно со специјалниот гостин Модернизам и Ренесанса, во едно од најнеобичните хумористични шоуа оваа есен.

Двајца комичари, два различни погледи на светот и еден заеднички заклучок – материјал за смеење во Македонија никогаш не недостасува.

Со нов материјал, препознатлив хумор, иронија, сатира и без влакна на јазикот, Син на мајка и 1Човек ќе ја претворат сцената во простор каде што секојдневните апсурди, меѓучовечките односи, општествените појави и ситуациите во кои сите се препознаваме ќе добијат сосема поинаква перспектива.

„а терапија со Атанас“ не е класична стендап-претстава. Тоа е хумористична дијагноза на времето во кое живееме, раскажана преку директна комуникација со публиката, остри забелешки и комични ситуации кои потсетуваат дека понекогаш најдобриот начин да се соочиме со реалноста е добро да ѝ се насмееме.

Посебен печат на вечерите ќе им даде Модернизам и Ренесанса, кој како специјален гостин ќе внесе дополнителна доза хумор и своја препознатлива енергија.

Десет градови, десет вечери и една заедничка дијагноза.

Турнејата започна на 15 октомври во Кавадарци, продолжи на 16 октомври во Прилеп, а 17 октомври ќе биде во Битола и 18 октомври во Гевгелија. Следуваат настапите на 24 октомври во Охрид, 29 октомври во Куманово, 30 октомври во Велес, 31 октомври во Струмица и 1 ноември во Тетово, додека големото финале е закажано за 7 ноември во Скопје, во салата „Градски парк“. Сите настапи започнуваат во 20:00 часот.

Публиката ја очекуваат вечери исполнети со смеа, препознатливи ситуации и хумор кој не се обидува да ја разубави реалноста, туку да ја прикаже токму онаква каква што е – понекогаш апсурдна, понекогаш неверојатна, но речиси секогаш доволно инспиративна за добра комедија.

Билетите за сите градови се веќе во продажба преку www.ticketplus.com.mk, по цена од 600 денари за настапите низ Македонија, додека за скопското шоу се достапни повеќе категории билети, по цени од 600 до 1.200 денари. Доколку билетите не бидат распродадени преку онлајн-продажбата, преостанатите билети ќе можат да се купат и на билетарниците на самите локации, на денот на одржувањето на настапите.

Оваа есен Македонија има закажано терапија. Не се потребни упати, ниту дијагнози. Само билет и подготвеност за многу смеење.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 7000 танчери доаѓаат на светското првенство за танц во Скопје

Македонија повторно ја добива довербата на International Dance Organization – од 4 до 14 октомври …

error: Содржината е заштитена!