На 16 октомври 2026 година со почеток во 16:00 часот, на улицата „Тоше Проески“ во Ново Лисиче се одржа настанот „Тоше, те сакаме сите“, посветен на музиката, хуманоста и споменот на Тоше Проески. ООУ „Лазо Ангеловски“, наставниците и родителите ги повикаа граѓаните заедно да ја одбележат 19-годишнината од неговото заминување.

Под пораката „Добрината не престанува – таа расте“, програмата обедини ученици, музичари и граѓани. Програмата опфаќа повеќе активности како отворање на новото хортикултурно катче уредено од родителите, пораки од децата и др. Ќе настапат хорот и оркестарот на ООУ „Лазо Ангеловски“, како и Next Time, Ламбе Алабакоски, Владимир Поповски, Тамара Волчевска, Мими Јовановска, Бојана Арсовска, The Crew, Дамјан Димевски и Ангела Влинтовска.

Дел од музичката програма беа и талентите Јосиф Коштримовски, Михаил Милошевски, Билјана Ивановска, Андреј Цаневски, Нела Манчевска, Лара Митевска, Бјанка Цорциана Дуца и Агнеса Русомаровска, Софија Недановска и други, кои со своите настапи ќе придонесат кон одбележувањето.
Настанот се реализира со поддршка од Општина Аеродром, Универзална сала и Lions in Move, а во реализацијата помагаа и Baking Bread, Местенце, и Лапетит.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
