Албанската национална телевизија RTSH ја најавува новата телевизиска сезона со нови атрактивни странски серии, меѓу кои доминираат турските продукции, но во понудата има и европска историска драма.

„Aşkı hatırla“ (Remember love) e романтична турска серија со Ханде Ерчел и Бариш Ардуч во главните улоги, која ја следи приказната на двајца поранешни љубовници чии патишта повторно се вкрстуваат по неочекувана порака.

„Aynadaki Yabancı“ (Странецот во огледалото) e драмска приказна со Онур Туна, исполнета со семејни тајни, скриени идентитети и минато кое постепено излегува на површина.

„El Turco“ e големата историско-авантуристичка продукција со Џан Јаман, во која турски јаничар по Виенската битка се наоѓа во италијанско село и станува предводник на локалното население во борбата против неговите угнетувачи.

„Hunyadi“ (Rise of the raven) e една од најамбициозните европски историски серии во последните години, посветена на животот и битките на Јанош Хуњади, една од најзначајните воени фигури во Европа во XV век.

„Máxima“ e европска биографска драма за животот на кралицата Максима од Холандија, од нејзините години во Аргентина и запознавањето со престолонаследникот Вилем-Александар до влегувањето во холандското кралско семејство.

Со слоганот „Нова сезона на приказни“, RTSH очигледно оваа есен се обидува да понуди разновидна сериска програма – од романса и семејна драма, преку историски спектакли, па сè до приказна инспирирана од животот на една современа европска кралица.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
