Лусија е една од највпечатливите улоги во летниот Телма хит „Кафе со мирис на жена“.

Лусија е сопругата на главниот лик Себастијан која со интриги и замки ќе го уценува Себастијан да биде крај неа за да не овозможи неговата љубов со Гавиота да се оствари.

Кармен Виљалобос е актерката која ја игра улогата на опасната Лусија, a претходно ни е позната по главните улоги во “Моето срце чука за Лола Волкан”, “Богати и сиромашни” и “Спонзоруши”.

Приватниот живот на Кармен Виљалобос во последните години беше далеку од мирен.

Зад убавата Колумбијка останаа две големи љубови и две разделби, а по двата љубовни краха во јавноста се појавија приказни за неверство.

Првата голема љубов беше актерот Себастијан Каиседо. Нивната врска започна во 2008 година, а по повеќе од една деценија љубов, се венчаа во 2019 година. Важеа за еден од најстабилните актерски парови, па веста дека се разделуваат во 2022 година беше вистинско изненадување за нивните обожаватели.

Набргу започнаа и шпекулациите дека сопругот ја изневерил. По разводот, актерката повторно се вљуби. Во нејзиниот живот влезе Фредерик Олденбург, а Кармен не ја криеше среќата. Заеднички патувања, фотографии и љубовни пораки оставаа впечаток дека актерката конечно отворила ново поглавје.

Но и оваа врска заврши. На почетокот на 2026 година беше потврдена нивната разделба, а повторно започна истото прашање што ја следеше Кармен и по разводот – дали причината била неверство?

Латиноамериканските медиуми и социјалните мрежи беа преплавени со различни верзии за крајот на врската, меѓу кои и шпекулации дека актерката повторно била емотивно повредена.

А додека нејзиниот љубовен живот продолжува да ги полни медиумските страници, Кармен Виљалобос македонската публика во моментов ја гледа во улогата на Лусија во злобната Лусија во „Кафе со мирис на жена“.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
