Почетна / Сапуници / Сите босански телевизии со турски серии во програмските шеми

Сите босански телевизии со турски серии во програмските шеми

Босанските телевизии и ова лето решија главниот адут да го стават на турски серии во програмата.

Па така, по 4 турски серии емитуваат најголемите приватни телевизии и тоа во ударни термини, додека пак тој тип на серии се застапени и на помалите приватни телевизии.

На ОБН се емитуваат Правда за Лејла, Шербет од брусница, како и неконвенционалната драма Бахар и спектаклот Црвени рози.

Слична ситуација и на Хајат. Оваа телевизија нуди различен тип на жанрови, па така може да се види класична драма (Љубомора), дневна сапуница (Заблуда), како и историски серии (Освојувачот Мехмет и Ахмет).

На Пинк Бх се прикажува маратонската сапуница Грешници, на АТВ сапуницата Крваво цвеќе, а на БН познатата серија Три сестри.

Најновата турска серија Грев и рози се емитува ова лето на Нова БХ.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По Бугарија и Хрватска, дури и Албанија со најнови турски серии летово

Освен на бугарските и хрватските национални телевизии, наплив на најнови турски серии има и на …

error: Содржината е заштитена!